БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ПРАЗНИКОТ НА БИТОЛА На 4 ноември јавното прептријатие нема да наплаќа
Битолчани на 4 ноември, кога градот го одбележува Денот на ослободувањето, ќе можат бесплатно да ги паркираат своите возила на сите јавни паркиралишта во Битола.
Од Јавното претпријатие за јавни паркиралишта (ЈППЈЛП) соопштија дека бесплатниот паркинг е нивниот подарок за граѓаните по повод празникот.
„Роденденската честитка оваа година ќе ја заокружиме со еден скромен роденденски подарок упатен кон Вас“, се наведува во известувањето на претпријатието.
„Годинава од името на ЈППЈЛП роденденската честитка е надополнета со бесплатен паркинг на сите јавни паркиралишта во градот на 4 ноември“, соопшти претпријатието.
Вработените им го честитаа празникот на битолчани со желби градот да продолжи да се развива како модерна урбана средина.
„Нашиот град со богатата историја, градска култура и плејадата на извонредни личности не заслужува ништо помалку“, се наведува во честитката.
Од претпријатието ги повикаа возачите да не ги попречуваат другите учесници во сообраќајот.
„Ве молиме паркирајте одговорно за да може сите граѓани да ги завршат секојдневните работни обврски“, порачаа од ЈППЈЛП.
Во меѓувреме, Секторот за внатрешни работи Битола најави дека во идниот период ќе спроведува активности за отстранување непрописно паркирани возила, во координација со Општина Битола и со ЈП „Паркинзи“ – Битола.
„Во рамки на активностите, во функција ќе биде ставена пајак-службата, која ќе врши отстранување на паркирани возила спротивно на сообраќајните правила и прописи, возила оставени на зелени јавни површини, хаварисани и нерегистрирани возила, како и предмети од јавни површини“, соопшти СВР Битола.
Слична најава за пајак-службата објави и ЈППЈЛП пред 3 дена.
.
Извор: plusinfo.mk