Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: Посетата на Столтенберг е доказ дека нашата држава е гарант на безбедноста и стабилноста на регионот
Македонија

Петровска: Посетата на Столтенберг е доказ дека нашата држава е гарант на безбедноста и стабилноста на регионот

21/11/2023

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во дневникот на Македонската телевизија, во однос на пораките кои ги сподели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг порача дека граѓаните треба да бидат горди зашто Северна Македонија е гарант на безбедноста и стабилноста на регионот, нешто што е препознаено и од Алијансата имајќи предвид дека генералниот секретар Столтенберг својата регионална посета ја завршува во Северна Македонија, а во Скопје утре ќе се одржи и неформалниот лидерски самит на сојузничките земји – Северна Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Словенија.

Министерката посочи дека директна опасност по безбедноста на државата нема и порача дека и покрај стравувањата, Русија не може да предизвика војна на Балканот ако за тоа нема сојузници, а дека во Северна Македонија и земјите од регионот сојузници за нови војни нема.

Во контекст на зацврстувањето на регионалната безбедност и оневозможувањето на обидите за влијание од трети земји во земјите од регионот, најдобар одговор е процесот на евроатлантска и европска интеграција.

„Се надевам дека и политичките субјекти во нашата држава особено после денешното обраќање на Генералниот секретар во Собранието ќе ја разберат важноста од носењето на политички одлуки. Во 2018 година не беше лесно да се потпише Преспанскиот договор и да се донесе една од можеби најтешките политички одлуки во нашата историја, меѓутоа денес сите ние се гордееме кога ги слушаме овие пораки, особено пораките дека припадниците на македонската Армија рамноправни учествуваат со припадниците на сојузничките сили насекаде во светот“, рече министерката.

Тоа го оправдува секој еден влог кој како што граѓани сме го дале и сме го направиле во поглед на нашето пристапување во НАТО Алијансата, истакна Петровска, и додаде дека за Владата и за неа лично како министерка и како граѓанин, европската интеграција на Северна Македонија нема алтернатива.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45874
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со порака од Скопје до Брисел

29/09/2026

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ НА БАЛКАНОТ Дали Урсула в

29/09/2026

Грција в сабота, на 3 октомври, свечено ќе ѝ ги предаде на Бугарија човечките останки за кои повеќе од половина

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на тротинети низ цела Македонија

29/09/2026

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава. Контролата ја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy