Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: Се гордееме кога ги слушаме пораките од Столтенберг дека припадниците на македонската Армија рамноправно со сојузниците придонесуваат за меѓународниот мир и безбедност
Македонија

Петровска: Се гордееме кога ги слушаме пораките од Столтенберг дека припадниците на македонската Армија рамноправно со сојузниците придонесуваат за меѓународниот мир и безбедност

21/11/2023

AA

Во вечерашното интервју за МТВ министерката Петровска потенцираше дека е многу горда што припадниците на македонската Армија во мисиите во кои се вклучени го даваат својот максимум и се однесуваат многу професионално.

“Неодамна имав и една посета и во Бугарија и во Романија каде што навистина оценките од командантите на тие единици беа одлични за нашите припадници, истото тоа е и случајот со војниците во рамките на КФОР мисијата во Косово, меѓутоа се разбира и нашето присуство во БиХ. Важно е што Република Северна Македонија,  е препознаена како земја која допринесува за регионалниот мир и безбедност  и еден од начините тоа да го направиме е преку учеството во овие мисии. Неодамна ја донесовме одлуката за зголемување на нашето присуство во Косово и се разбира и во Косово и БиХ ќе останеме се додека тоа е потребно и ќе им помогнеме на нашите пријатели и од Косово и од БиХ меѓутоа и од регионот да всушност го изодат патот за европска и евроатлантска интеграција” рече Петровска.

Во контекст на патот кон европската интеграција кој не е завршен и за Северна Македонија, Петровска упати порака до политичките субјекти, особено после денешното обраќање на Генералниот секретар во Собранието, да ја разберат важноста од носењето на политички одлуки кои после неколку години ќе бидеме горди дека сме ги донеле.

“Во 2018 година не беше лесно да се потпише Преспанскиот договор и да се донесе една од можеби најтешките политички одлуки во нашата историја меѓутоа денес сите ние се гордееме кога ги слушаме овие пораки,  особено пораките дека припадниците на македонската Армија рамноправни учествуваат со припадниците на сојузничките сили насекаде во светот, тоа го оправдува секој еден влог кој како што граѓани сме го дале и сме го направиле во поглед на нашето пристапување во НАТО Алијансата” порача министерката.

“За Владата, за мене лично како министерка и пред се како граѓанин на оваа држава Европската интеграција на мојата земја нема алтернатива” рече Петровска во интервју за МТВ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45873
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ НА БАЛКАНОТ Дали Урсула в

29/09/2026

Грција в сабота, на 3 октомври, свечено ќе ѝ ги предаде на Бугарија човечките останки за кои повеќе од половина

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на тротинети низ цела Македонија

29/09/2026

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава. Контролата ја

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy