Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет предлага стапката на придонесот постепено да се крене на 20%
Македонија

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет предлага стапката на придонесот постепено да се крене на 20%

05/10/2026

AA

Пензискиот систем во земјава се соочува со растечки дефицит, а за исплата на пензиите веќе недостигаат околу 500 милиони евра, според директорот на ПИОМ Никола Мемов. Фискалниот совет предупредува дека притисокот дополнително ќе расте и предлага пакет мерки, меѓу кои постепено зголемување на стапката на придонеси на 20%.

Доколку не се преземе ништо во 2030 година дефицитот би бил 6,3 проценти од БДП, а би го достигнал врвот од околу 6,6 проценти во 2035-2037 година, покажува анализата направена по барање на Фискалниот совет за одржливост на пензискиот систем.

Како најризичен период се посочува 2038-2048 година кога транзициските трошоци го достигнуваат врвот, а бројот на осигуреници на еден пезионер паѓа под 1,3.

Причините се добро познати и се резултат на влијанија коишто се провлекуваат повеќе од две децении. Прво, стапката на придонеси е намалена од 21,2 проценти на 18 проценти, а пензиите се повеќекратно зголемени надвор од законската формула. Како причина се наведува и демографијата и сивата економија.

Анализата покажува дека од 2023 година расходите за пензии растат значително побрзо од приходите од придонеси поточно 19 проценти во 2025 година наспроти 8,8 проценти.

Според Фискалниот совет, треба да се напуштат и ад хок решенијата за зголемување на пензиите како што се линеарните зголемувања.

– Тоа не е демографски ефект, туку резултат на индексацијата и на линеарнните зголемувања на пензиите – велат од Фискалниот совет.

Препораките се да се примени комбиниран пакет на мерки во кој би било вклучено постепено зголемување на придонесот на 20%, индексација само во инфлација, намалување на сивата економија и поголемо учество на жените на пазарот на труд.

Директорот на Фондот за пензиско осигурување Никола Мемов се согласува со тоа дека треба да има зголемување на стапката на придонесите, но дека тоа треба да оди постепено.

– Овие 18,8 проценти не се доволни за сега ние самите да си ја платиме пензијата. Тоа го покажуваат и нашите пресметки. Оваа стапка на придонес треба да расте, но постепено – рече Мемов.

Она што треба да се менува, според Мемов, е и сегашната методологија на исплата на пензиите, а заштитен механизам и контрола треба да има во делот кај повластените пензии.

– Третиот голем фактор кој предизвикува дефицит е административното зголемување на трошоците кон ФЗОМ. Со растот на пензиите, расте и обврската на ПИОМ кон ФЗОМ. Како растат пензиите, така расте и обврските на ПИОМ кон ФЗОМ, а цената на здравствените услуги не расте. Само за 2026 година, обврската на ПИОМ кон ФЗОМ е порасната за 3,5 милијарди денари затоа што пензиите се пораснати за  седум илјади денари кумулативно, тоа значи 30 милијарди денари за 2026 година – вели Мемов.

Тврди дека дефицитот во ПИОМ не е една милијарда, туку 500 милиони.

– За 10 милијарди денари е зголемен дефицитот во 2026 односно годинава дефицитот е 64 милијарди од кои 32 милијарди за исплата на пензии, 13,7 милијарди кон ФЗОМ и 19,6 милијарди за транзициски трошоци. Тоа значи дека недостигаат 500 милиони евра за исплата на пензии, појасни Мемов.

Во однос на вториот пензиски столб за кој се крена дебата во јавноста, од Фискалниот совет советуваат да се смени структурата на инвестирање и да се инвестира во поризични инвестиции кои носат поголеми приходи.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОХРИД НЕ МОЛЧИ ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА Граѓаните бараат

21/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски

21/11/2026
Македонија

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО

21/11/2026
Македонија

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет

21/11/2026
Македонија

ПРОСТРЕЛНА РАНА НА НОГАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Полицијата откри

21/11/2026
Македонија

ОД ПАД ОД 5 ДО РАСТ ОД 5,2 ОТСТО Опозицијата

21/11/2026
Македонија

ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА, ПА ИЗБЕГАЛ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Обвинителството бара

21/11/2026
Македонија

СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАПАЛИ ЌЕРКАТА И ВНУКАТА Истурил

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46871
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОХРИД НЕ МОЛЧИ ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА Граѓаните бараат одговорност и поголема безбедност за

21/11/2026

Со пораки против насилството врз жените, фемицидите и институционалното молчење, граѓани денеска излегоа на мирен протест во Охрид. „Ниту една

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски порача дека нема да се

21/11/2026

Жителите на Крива Паланка денеска излегоа на протест поради долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на повеќе од 1.000 грла крупен

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО Мицкоски најави почеток на изградбата

21/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека по јавната расправа е избрана една од двете разгледувани варијанти за трасата.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy