Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски до граѓаните: Максимална мобилизација, да спречиме да се врати режимот!
Македонија

Пендаровски до граѓаните: Максимална мобилизација, да спречиме да се врати режимот!

01/05/2024

AA

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска на митинг во Штип истакна дека ќе мора да направат максимална мобилизација за да спречат враќање на режимот, бидејќи по сите специфики: политички, логистички и други разузнавачки, било какви, тие ќе бидат режим број два.

Според него, потоа нема да има демократски избори и никој да не се надева дека ќе има легитимни, легални и транспарентни локални избори.

„Ние кога сме биле на власт, оваа политичка структура сме организирале демокртаски избори и сме ја предавале власта, кога ќе сме ја изгубиле. Тие не само што организираат недемократски избори, туку и на такви избори во 2016 година, кога ја изгубија власта, со сила сакаа да ја задржат“, рече Пендаровски.

Тој посочи дека во одредени делови во земјата постои малку обескураженост за резулататите од првиот круг, но какошто рече има образложение. За првпат во историјата имаше седум кандидати во првиот круг, кој секој го зема својот дел од електоратот.

„Меѓутоа ви тврдам, ве уверувам дека не само да го кревам вашиот и мојот морал, затоа што тоа е објективна политичка проценка, која ќе се покаже на 8 мај дека гласовите на овие што испаднаа од првиот круг, петмина, вкупно околу 330.000 гласови се многу блиску до овој концепт, која јас го заговрам, го застапувам, го промовирам изминатите години, а сите вие го поддржувате. Значи тие што испаднаа ќе си одат со своите политички субјекти на парламентарните избори, ќе видеме како ќе поминат. Но, во овој другиот дел на претседателските избори да немате никакви дилеми дека најголемиот дел од нив сакаат стабилна Македонија, сакаат Македонија со извесна иднина и сакаат Македонија да биде интегрирана во развиениот свет“, рече Пендаровски.

Пендаровски истакна и дека неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова не ги знае основните надлежности на претседател на државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош

22/08/2026
Македонија

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026
Македонија

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026
Македонија

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, бројот на починати

22/08/2026
Македонија

Нов правилник за игрите на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата

22/08/2026
Македонија

17 пожари на отворен простор регистрирани до 13 часот, 11

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45187
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026

Големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица продолжува да се гаси, а во интервенцијата е вклучен и еден

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош за колегите

22/08/2026

Голема штета е предизвикана врз пчеларници во прилепскиот регион, каде во пожар целосно изгореле четири поголеми пчеларници, како и неколку

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026

Општина Карпош ги засилува превентивните активности за намалување на ризикот од ширење на вирусот на Западнонилската треска, во услови на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy