Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Печалбарите на протести: Мицкоски, Петрова и Димитриевски да дојдат да ги слушнат нашите барања!
Македонија

Печалбарите на протести: Мицкоски, Петрова и Димитриевски да дојдат да ги слушнат нашите барања!

12/01/2026

AA

Поранешните вработени во американските бази во Ирак и Авганистан од денеска го започнаа својот секојдневен протест пред просториите на Управата за јавни приходи во Куманово. Незадоволството кај граѓаните е предизвикано од решенијата за ретроактивно оданочување на нивните приходи од 2020 година, поради што јавно ги повикаа премиерот Христијан Мицкоски, директорката на УЈП Елена Петрова и градоначалникот Максим Димитриевски на итна средба.

Главниот проблем за илјадници кумановци е одбивањето на УЈП да ги прифати доставените докази за нивната работа и престој во странство. Иако работниците располагаат со потврди од компаниите дека таму веќе бил платен данок од 15 проценти, македонските власти бараат официјални документи од ирачките и авганистанските институции. Печалбарите посочуваат дека такви документи е невозможно лично да се извадат и бараат државата по службен пат, преку амбасадите и МНР, да ги обезбеди потребните податоци.

Учесниците на протестот потсетуваат на неофицијалната средба со премиерот и директорката на УЈП, на која им било ветено дека ќе се формираат посебни тимови за решавање на овој проблем и дека рокот за плаќање ќе биде пролонгиран до 31 мај. Сепак, според нивните изјави, овие ветувања досега не се реализирани, а роковите за извршување истекуваат на 15 јануари, по што следуваат високи камати и присилна наплата.

Барањата на граѓаните се јасни: Управата за јавни приходи да го земе предвид фактичкиот престој надвор од државата подолг од 183 дена и како валидни докази да ги прифати пасошите, печатите и потврдите од работодавачите. Тие нагласуваат дека не се против плаќањето данок, туку бараат правична постапка и ревизија на донесените решенија.

Протестите ќе продолжат секој ден до 16 јануари во терминот од 14 до 16 часот. Се проценува дека во изминатите две децении во воените бази во Ирак и Авганистан работеле меѓу 10 и 15 илјади жители на Куманово, а само во последниот период околу 4.000 лица добиле известувања за даночни долгови кои во одредени случаи достигнуваат и по неколку илјади евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45713
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“ Мицкоски на средба со македонската

21/09/2026

Во рамки на посетата на САД, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, вчера присуствуваше

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници е јасен, СДСМ ја замајува

21/09/2026

Со измените во Законот за пратеници се забранува пратеник да има двојно државјанство, такашто лагите на СДСМ се демантираат. СДСМ

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7 степени повисоки од просекот

21/09/2026

Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy