Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Патник почина на лет – семејството го обвинува екипажот за небрежност
Македонија

Патник почина на лет – семејството го обвинува екипажот за небрежност

24/04/2025

AA

Семејството на 62-годишниот Џон Вилијам Кенан ја тужи авиокомпанијата American Airlines, откако мажот починал од срцев удар на пат за свадбата на ќерката на негов близок пријател. За ова информира британското издание „Индипендент“.

Близокото семејство ги обвинува членовите на екипажот за тоа што го одложиле барањето за медицинска помош до моментот кога сите патници излегле од авионот – премногу доцна за да биде спасен.

„Колку време е потребно да се изведат патниците од авион? 20, 30 минути? Ова е критично време“, изјавил адвокатот на семејството Џозеф ЛоРусо, кој е лиценциран пилот.

Според него, постапките на екипажот биле „неверојатно фрустрирачки“.

Адвокатите тврдат дека Кенан се почувствувал лошо уште на претходниот лет од Луисвил до Далас, каде колабирал на патот кон следниот авион. Наместо да биде спречен да продолжи со патувањето, вработени на American Airlines му помогнале да се изправи и го качиле на следниот лет до Дуранго, Колорадо.

„Ако работите беа развиени поинаку, веројатно ќе беше жив. Емоционалната болка не е само во загубата, туку и во начинот на кој се случи. Колку сам и исплашен морало да се чувствува“, изјавила адвокатката Џесика МакБрајант.

Според жалбата, за време на вториот лет Кенан се влошил во сериозна медицинска состојба и изгубил свест. После слетувањето, паркирањето на авионот и излегувањето на сите патници, екипажот повикал брза помош.

„Се беше како обично, додека не излегоа сите. И тогаш, изненадно, стана итен случај“, рекол адвокатот на семејството ЛоРусо.

Мажот бил однесен во болница, каде што бил подложен на реанимација со дефибрилатор и адреналин, но починал во 01:29 часот наутро. Според „Индипендент“, екипажот бил свесен за неговото влошено здравје, но постапувал со „неприфатлива пасивност“.

Во жалбата против авиокомпанијата се наведува дека тие покажале небрежност, не обезбедувајќи медицинска помош навреме, не спречувајќи лице во криза да се качи и не давајќи приоритет на неговото здравје при слегувањето од авионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy