Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пандов за затворите: Телефон немаат само оние којшто не сакаат да имаат телефон
Македонија

Пандов за затворите: Телефон немаат само оние којшто не сакаат да имаат телефон

23/09/2025

AA

Во македонските затвори и понатаму постои сериозен проблем со корупција и недозволени предмети, призна в.д. директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.

На денешната Меѓународна научна конференција организирана од Факултетот за безбедност – Скопје, Пандов истакна дека во изминатата година, откако ја води Управата, имал бројни средби со обвинители и судии и дека несомнено е дека во затворскиот систем постои корупција.

„Од она што го видов овие година дена во затворите, можам да кажам дека буквално имало системска корупција. Меѓутоа, постои и огромен процент луѓе кои ја сакаат работата и не сакаат да сме на ова ниво со корупција. Не може една институција сама да ја уништи системската корупција“, рече Пандов.

Тој посочи дека иако верува оти системската корупција е намалена во изминатата година, таа сè уште не е искоренета.

Посебно алармантен, според него, е бројот на мобилни телефони кај затворениците.

„Во одредени затвори бројките се поразителни за мене, за тоа колку мобилни телефони имаат затворениците. Јас од позиција на в.д. директор на Управата за извршување санкции можам да правам контроли, меѓутоа борбата против корупцијата во самите затвори е на директорите на затворите и на затворската управа. Можам да посочам одреден број затвори каде што со кого сакате да викнеме да ги направат претресите, јас ве уверувам дека нема да најдеме ниту еден или еден-два телефони. Tочно е дека во одредени затвори нема телефон само оној којшто не сака да има телефон“, рече Пандов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy