Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пакистан вети одмазда по индискиот ракетен напад: „Индија ќе ја плати цената“
Македонија

Пакистан вети одмазда по индискиот ракетен напад: „Индија ќе ја плати цената“

08/05/2025

AA

По ракетниот напад на индиските сили врз пакистанската покраина Пенџаб и делови од Кашмир под пакистанска контрола, премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, остро реагираше со закана за одмазда, велејќи дека Индија „ќе ја плати цената“ за својата постапка.

Во телевизиско обраќање на државната телевизија ПТВ, Шариф порача дека нацијата нема да остане немоќна пред, како што ја нарече, „очигледната грешка“ на соседната земја.

„Можеби мислеа дека ќе се повлечеме, но заборавија дека ова е нација на храбри луѓе“, рече тој, додавајќи дека Пакистан ќе даде соодветен одговор.

Индискиот министер за одбрана изјави дека мета на нивниот напад биле девет локации со наводна „терористичка инфраструктура“ во Пакистан, потенцирајќи дека нема жртви меѓу цивилното население.

Како одговор, пакистанските власти информираа дека биле активирани кинески борбени авиони и оти Пекинг бил целосно запознаен со ситуацијата. Две беспилотни летала беа соборени над Лахор, изјави полициски службеник за Си-Ен-Ен, без да прецизира од каде доаѓаат дроновите.

Лахор, град со околу 13 милиони жители, се наоѓа на само 21 километар од индиската граница, што дополнително ја нагласува чувствителноста на регионот во услови на зголемена воена активност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со

29/10/2026
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46420
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy