Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Данела Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје!
Македонија

Николоски: Данела Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје!

08/05/2025

AA

Вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во Тема на денот на телевизија Сител. Николоски се осврна на претстојните локални избори, истакнувајќи дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, целосно потфрлила во своето извршување на обврските.

Николоски посочи дека во моментов, во рамки на партијата се оформува сериозен круг на потенцијални кандидати за Скопје, од кои дел веќе јавно ја изразиле својата амбиција. Николоски информираше дека во втората половина од летото ќе се искристализира кандидатот за Град Скопје, а согласно најавите од премиерот и претседателот на партијата, до крајот на овој и почетокот на следниот месец ќе бидат утврдени и кандидатите за другите општини.

 „Во реализацијата на мандатот, актуелната градоначалничка на Скопје потфрли, тоа е факт и скоро и да нема задоволни луѓе од нејзината работа. Луѓето прават јасна дистинкција и се виде и по минатогодишните изводи дека не ги поврзуваат градоначалничката на Скопје и ВМРО-ДПМНЕ. Сега имаме еден сериозен пул на кандидати во рамки на политичката партија, дел од нив јавно прокламираат дека се заинтересирани и очекувам втората половина на летото да искристализираме кандидати за градот Скопје. Претходно кажа и премиерот кој што е и претседател на партијата, крај на мај и почеток на јуни очекуваме да кристализираме кандидати за другите општини“, рече Николоски.

Николоски изјави дека партијата се уште нема конечна одлука, но има голем број општини каде градоначалниците покажаа одлични перформанси. Тој нагласи дека се гледа голема разлика во развојот на овие општини во однос на претходно, додавајќи дека Владата им помага, но треба да има иницијатива од градоначалникот.

„Одлуки партијата се уште нема донесено, но можам да кажам дека во неколку големи општини каде што градоначалниците имаат одлични перформанси дека е јасно дека ќе им дадеме шанса да трчаат за втор мандат. Затоа што има сериозен развој во тие општини и многу голема разлика се гледа од претходно до сега“, заклучи Николоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата го продолжи попустот на горивата: Поевтини дизел и бензин

30/04/2026
Македонија

Успешно извлечени шест лица од возило кое излетало од патот

30/04/2026
Македонија

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно

30/04/2026
Македонија

Метео аларм за Први мај: Ќе има силен ветер со

30/04/2026
Македонија

Алиша за 4ТВ: Недозволива е градација меѓу лицата со попреченост

30/04/2026
Македонија

Суарет Алиша за 4ТВ: Од „160 часови асистенција“ во опозиција,

30/04/2026
Македонија

Алиша за 4ТВ: Лицата со попреченост се чувствуваат како во

30/04/2026
Македонија

„Асистенцијата се сведува на половина“: Личниот асистент Ѓорѓиевски открива со

30/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42996
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата го продолжи попустот на горивата: Поевтини дизел и бензин до 18 мај

30/04/2026

Попустот од три денари за дизелот и два денари за бензините останува во сила во насока на ублажување на ценовните

Успешно извлечени шест лица од возило кое излетало од патот Скопје – Велес!

30/04/2026

Денеска (30.04.2026) во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи пријавено

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство!

30/04/2026

Денеска (30.04.2026), на Граничниот премин Табановце, лишен од слобода е Б.К. (44) од Прилеп. По претходно добиени информации за сторено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy