Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Отпишаната Црна Гора ја уништи Турција и го однесе Велс во А-дивизијата (ВИДЕО)
Спорт

Отпишаната Црна Гора ја уништи Турција и го однесе Велс во А-дивизијата (ВИДЕО)

20/11/2024

AA

Иако вечерва се играа последните натпревари од А-Лигата на нации, најинтересно беше во Б-дивизијата каде се одлучуваше кои ќе бидат последните репрезентации што ќе обезбедат пласман во повисок ранг, кои ќе испаднат и кои ќе играат бараж.

Приказна на денот е Црна Гора која до денеска беше без победа и без бод во Лигата на нации, со само еден постигнат гол, а вечерва ја совлада Турција на домашен терен со 3-1. Можеби тука не би имало ништо интересно, ако не се знае дека на Турците им требаше барем бод за да останат на првото место во групата и да се изборат за директен пласман во повисок ранг.

Вака завршија на втората позиција и ќе мораат да играат бараж во кој потенцијални ривали им се Шкотска, Белгија, Унгарија и Србија. Крстовиќ беше играч на натпреварот што се одигра во Никшиќ, постигнувајќи ги трите гола за Црна Гора.

3:1 🇲🇪🇲🇪💪💪
KRSTOVIĆ 🫡🫡 pic.twitter.com/k8dnuPucvU

— Montenegro🇲🇪🇲🇪 (@Mnehn_19) November 19, 2024

Со ова Црногорците му направија услуга на Велс кој оди директно во А-Лигата на нации, како и Чешка од групата 1 откако вечерва во директниот дуел ја совлада Грузија со 2-1. Украина ќе игра бараж за пласман во повисок ранг, Грузија ќе се бори за опстанок, а Албанија испадна в Ц-дивизијата.

Своја вечер имаше напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓекереш кој во победата на Шведска над Азербејџан со 6-0 учествуваше со четири гола. Оваа година, тој експлодираше за националниот тим, постигнувајќи вкупно десет гола на седум настапи.

Од А-Лигата на нации, каде што натпреварите немаа никакво резултатско значење, се играше само во групата 3 и двата меча (БиХ-Холандија и Унгарија-Германија) завршија со идентичен резултат, 1-1.

РЕЗУЛТАТИ, Б-ЛИГА НА НАЦИИ
ГРУПА 1
Чешка – Грузија 2-1
Албанија – Украина 1-2
ТАБЕЛА: Чешка 11 бода, Украина 8, Грузија 7, Албанија 7
ГРУПА 4
Велс – Исланд 4-1
Црна Гора – Турција 3-1
ТАБЕЛА: Велс 12 бода, Турција 11, Исланд 7, Црна Гора 3.
ГРУПА 2
ТАБЕЛА: Англија 15 бода, Грција 15, Ирска 6, Финска 0
ГРУПА 3
ТАБЕЛА: Норвешка 13 бода, Австрија 11, Словенија 8, Казахстан 1.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Спасовски со порака до Владата: Или сменете го Уставот, или

19/05/2026
Македонија

Спасовски за случајот „Пулс“: Наместо вистинска правда, се прави „купче“

19/05/2026
Македонија

Спасовски: СДСМ мора да го врати коалицискиот капацитет и да

19/05/2026
Македонија

Спасовски: Предвремени парламентарни избори ќе има, СДСМ мора да биде

19/05/2026
Македонија

Спасовски со отворена самокритика: Големите очекувања од СДСМ донесоа големи

19/05/2026
Македонија

Спасовски за шпионажата кај Давкова: Кадрите ги следеа скандали, од

19/05/2026
Македонија

Сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката: Обвинителството без пристап

19/05/2026
Македонија

ЗЕЛС формира кризен противпожарен штаб пред летната сезона

19/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43359
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Спасовски со порака до Владата: Или сменете го Уставот, или раскинете ги договорите со Бугарија

19/05/2026

СМакедонија не е блокирана на патот кон Европската Унија поради „францускиот предлог“, туку поради целосниот недостиг на политичка волја кај

Спасовски за случајот „Пулс“: Наместо вистинска правда, се прави „купче“ обвиненија за задоволување на јавноста

19/05/2026

Начинот на кој се води истрагата и судската постапка за трагичниот случај со дискотеката „Пулс“ во Кочани отвора сериозни сомнежи

Спасовски: СДСМ мора да го врати коалицискиот капацитет и да биде отворен за прогресивни партнери

19/05/2026

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека СДСМ треба повторно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy