Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Откриен 18 годишен скопјанец предизвикувач на тешка сообраќајна несреќа, за половина час сторил три кривични дела
Македонија

Откриен 18 годишен скопјанец предизвикувач на тешка сообраќајна несреќа, за половина час сторил три кривични дела

21/09/2023

AA

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишен скопјанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Одземање на моторно возило од член 242, со одземеното возило сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, а потоа и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 30 август, од паркинг просторот пред зграда лоцирана на булеварот „3-та Македонска Бригада“ противправно одзел туѓо моторно возило со намера да го употреби за возење. Управувајќи го украдениот автомобил „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, по булеварот „Борис Трајковски“, осомничениот не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Автомобилот го управувал без возачка дозвола, а брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, изгубил контрола над управувачот и со возилото излегол надвор од коловозот на тротоарот од десната страна, каде удрил во телото на пешак. Од ударот, оштетената која се движела како пешак по тротоарот, се здобила со тешки телесни повреди и подоцна починала.

По ударот, без да укаже помош на оштетената, осомничениот продолжил да вози, повторно изгубил контрола над управувачот од возилото и удрил во метална ограда. Го оставил возилото и пеш го напуштил местото, криејќи се од органите на прогонот.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и постојат особени околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРЕНАЛ БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ПОКРАЈ ДЕБАРСКО ЕЗЕРО!? Кривична пријава за узурпација

02/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Е ТЕХНОЛОГИЈА НА СЕГАШНОСТА, А НЕ НА ИДНИНАТА

02/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА

02/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ВО СПЕЦИФИЧНА ПСИХОЛОШКА СОСТОЈБА, МУ ТРЕБА СТРУЧНА ПОМОШ

02/10/2026
Македонија

БОЛЕДУВАЊАТА НЕ СЕ КРАТАТ, ТУКУ ИМ СЕ ОЛЕСНУВА РАБОТАТА НА

02/10/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (3) Македонија е

02/10/2026
Македонија

ДЕКО ПОНУДИЛ ПЛЕВНИ И ШУПИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ИЗВРШУВАЊЕ

02/10/2026
Македонија

МАКЕДОНЕЦОТ ФРЛА ПО 86 КИЛОГРАМИ ХРАНА ГОДИШНО Тоа е за

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45936
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРЕНАЛ БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ПОКРАЈ ДЕБАРСКО ЕЗЕРО!? Кривична пријава за узурпација на државно земјиште

02/10/2026

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Д. (76) од дебарското село Горно Косоврасти поради сомнение дека сторил кривично дело „узурпација

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Е ТЕХНОЛОГИЈА НА СЕГАШНОСТА, А НЕ НА ИДНИНАТА Македонија треба да биде активен

02/10/2026

Вештачката интелигенција не е веќе технологија на иднината, туку на сегашноста и вистинското прашање денес е какво место ќе имаме

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА Манасиевски бара Филипче да биде

02/10/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство по допрен глас да отвори истрага по вчерашните обвинувања на лидерот на СДСМ Венко Филипче

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy