Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОЈО Скопје отвори истрага за 18-годишник, кој со украдено возило за половина час сторил три кривични дела
Магазин

ОЈО Скопје отвори истрага за 18-годишник, кој со украдено возило за половина час сторил три кривични дела

21/09/2023

AA

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Одземање моторно возило“. Со одземеното возило сторил кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а потоа и кривично дело „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 30 август годинава од паркинг просторот пред зграда лоцирана на булеварот „Трета македонска бригада“ лицето противправно одзело туѓо моторно возило со намера да го употреби за возење. Управувајќи го украдениот автомобил „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, по булеварот „Борис Трајковски“, осомничениот не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Автомобилот го управувал без возачка дозвола, а брзината на движење на возилото не ја приспособил кон својствата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, изгубил контрола над управувачот и со возилото излегол надвор од коловозот на тротоарот од десната страна, каде удрил во телото на пешак. Од ударот, оштетената која се движела како пешак по тротоарот, се здобила со тешки телесни повреди и подоцна починала.

По ударот, без да укаже помош на оштетената, осомничениот продолжил да вози, повторно изгубил контрола над управувачот од возилото и удрил во метална ограда. Го оставил возилото и пеш го напуштил местото, криејќи се од органите на прогонот.

– Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и постојат особени околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението од ЈО. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и

17/08/2026
Македонија

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

17/08/2026
Македонија

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45059
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за работа

17/08/2026

По повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот се одржа свечен

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

17/08/2026

Наместо да се врати на актерската работа во својот матичен Драмски театар во Скопје, Љутков го продолжува ангажманот во државната

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026

Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле до слобода Б.С.(67) од Битола. Од МВР информираат дека

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy