Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи на Атлантски совет во Вашингтон: Остануваме посветени на европскиот пат
Македонија

Османи на Атлантски совет во Вашингтон: Остануваме посветени на европскиот пат

08/05/2023

AA

Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ Бујар Османи, како дел од владината делегација предводена од Премиерот Димитар Ковачевски, денеска учестување на тркалезна маса на Атлантскиот совет во Вашингтон.

Пред членовите на бордот на Атлантскиот совет Османи се осврна за перспективите на повеќе важни теми кои се од интерес на Северна Македонија.

Дел од отворените прашања на кои експертите разменуваа мислења беше и пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ и предизвиците со кои како земја се соочува при евроинтегративниот процес, но и за можностите што ги нудат иницијативите за регионална соработка на Западен Балкан.

„Како лидери, мора да останеме посветени на патеката за пристапување кон ЕУ. Мора да направиме визионерски чекори за подобрување на демократскиот развој, проширување на економските можности и поттикнување на помирувањето во Западен Балкан, сè со цел целосен просперитет на земјата и граѓаните“, рече Османи на тркалезната маса.

Тој истакна и дека минатата 2022 година беше година на пробив за Северна Македонија, која по 17 години чекање успеа да го стопи „вечниот мраз“ околу пристапниот процес на земјата во ЕУ.

„Ја зедовме судбината во свои раце и неопходните одлуки што ги донесовме, колку и да беа политички болни на краток рок, на долг рок ги закотвија нашите евроинтегративни аспирации откако успеавме прво да се приклучиме на евроатлантското семејство 2021 година“, рече Османи.

На Советот се дискутираше и за напорите на Владата за справување со енергетската криза, борбата против корупцијата и одговорот на Северна Македонија на војната во Украина и нејзиното влијание врз целиот регион.

Зборувајќи за корупцијата, Османи потсети дека Северна Македонија со поддршка на САД и нашиот Стратешки дијалог ќе продолжи да прави големи чекори кон зголемување на просперитетот на сите наши граѓани, подобрување на владеењето на правото, борба против корупцијата и зајакнување на нашите демократски институции.

Една од темите на денешниот Атлантски совет беа и можностите што ги нудат иницијативите за регионална интеграција на Западен Балкан. Во оваа насока, Османи се осврна и на регионалните проекти кои се од исклучително значење за регионалната безбедност и за економскиот и севкупен развој на земјите од регионот. Зборувајќи тука за Берлинскиот процес, Отворен Балкан, Иницијативата 8, Преспа Форумот за дијалог, САД-Јадранската повелба, но и други, Османи истакна дека Северна Македонија, како активен учесник и потписник на овие регионални проекти, силно ги поддржува и промовира со цел натамошно унапредување на билатералната соработка со земјите од регионот и постигнување и зачувување на основните предуслови – стабилен, безбеден и просперитетен регион.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy