Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОПОЗИЦИЦИЈАТА БЕЗОБРАЗНО И НА ШТЕТЕН НАЧИН ШИРИ ПАНИКА ВРЗ ОСНОВА НА ЛАЖНА ВЕСТ Ќе нема ни мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
Македонија

ОПОЗИЦИЦИЈАТА БЕЗОБРАЗНО И НА ШТЕТЕН НАЧИН ШИРИ ПАНИКА ВРЗ ОСНОВА НА ЛАЖНА ВЕСТ Ќе нема ни мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

23/12/2025

AA

Темата за прием на одбиени баратели на азил во Македонија шпекулативно ја отворија медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само за Македонија, а таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало ниту ќе има, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

– Во ниту една форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Обединетото Кралство. Ќе нема ниту одбиени баратели за азил. Ниту ќе бидат во посебни… кажавме дека нема да има посебни центри, па опозицијата почна да шири хистерија – „да, нема да бидат во посебни центри, ќе бидат во станови“. Ни тоа, ни тоа нема да го има. Значи, никаков пакет поврзан со мигранти или одбиени баратели на азил оваа влада нема да склучи, ниту преговарала за такво нешто, ниту имала намера да преговара за такво нешто. Значи, се работи за целосно креирана лажна вест којашто на еден безобразен, штетен начин, се ширеше од главната опозициска партија во државата – рече Муцунски во емисијата „360 степени“ на МТВ.

И покрај тоа што најповиканите во државата – претседателката, премиерот, министерот за надворешни и министерот за внатрешни работи демантираа дека има договор за мигранти, опозицијата сè уште ја шири таа паника, додава Муцунски.

На новинарско прашање зошто првично не одговорила Владата на барањата на британските медиуми, министерот одговори:

– Јас не знам дали одговорила или не одговорила во делот на комуникацијата, но јас ви кажувам, ние внатрешно се координиравме, заедно со тимот за односи со јавноста во Владата, видовме дека наеднаш добиваме повеќе прашања и без да се чека став од страна на Владата, се објавуваа повеќе текстови во медиумите во Обединетото Кралство, и се одлучивме да го направиме одговорот на еден системски начин. Односно, акумулиравме информации за сите медиуми коишто поставија вакви прашања и потоа им пуштивме одговор. Еве и друго ќе ви кажам. Имаше и други медиуми коишто во меѓувреме поставија прашање следејќи ги написите во „Тајмс“ и во други медиуми. И потоа откако го добија одговорот од нашата институција, не објавија текст, бидејќи сфатија дека очигледно се работи за дезинформација и за лажна вест. И мислам дека и тоа беше дел од наративот на опозицијата во државата. Се фаќаа за секое зборче, обидувајќи се да најдат некој начин да ја потврдат тезата. И најдобриот одговор веројатно им го даде премиерот Мицкоски – ќе помине време – рече Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија ја отфрла можноста некој внатре во Владата да испратил макар полусигнал до британските власти дека се подготвени на разговор на таа тема.

– Апсолутно е јасно кој во Владата и во државата има надлежност да дискутира по ова прашање. За тоа не треба да има никаква дилема. А нема потреба да се проверуваме, по мене, во рамките на Владата. Сите коишто сме учествувале во овој договорен аранжман со Обединетото Кралство, добро знаеме што сме дискутирале, добро знаеме кои биле темите коишто ние сме ги покривале во целокупниот овој договорен аранжман, и стратешкото партнерство и договорот влада со влада. И тоа што можам да ви го кажам, во самиот договорен аранжман којшто опфаќа два договори – Декларацијата за стратешко партнерство и Договорот влада со влада – и двата документи се јавни, можете и вие да пристапите до нив, никаде нема спомнување на темата за прифаќање мигранти или прифаќање нелегални баратели на азил – рече министерот.

Категоричното „не“ за прием на одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство, додаде тој, нема да влијае на спроведувањето на најавените инфраструктурни проекти, како, на пример, оној за „брзата пруга“.

Шефот на дипломатијата вели дека договорот со Велика Британија е комплексен и има одредени аспекти каде што во моментот товарот на исполнување на обврските повеќе лежи на наша страна. Сепак, додаде Муцунски, сите институции во државата се максимално фокусирани на реализацијата.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија

12/06/2026
Македонија

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје

12/06/2026
Македонија

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство

12/06/2026
Македонија

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

12/06/2026
Македонија

Уапсен македонски државјанин во Албанија со килограм хероин скриен во

12/06/2026
Македонија

Крај на исплатите во готовина? Се подготвуваат измени за брзите

12/06/2026
Македонија

Муцунски од Истанбул: Време е политичкото партнерство со Турција да

12/06/2026
Македонија

Наташа Крстевска-Цалева повторно на чело на Вишото јавно обвинителство Скопје;

12/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија или еднаш Канада

12/06/2026

Додека глобалните пазари сè уште ги сумираат ефектите од историското излегување на SpaceX на берзата во јуни 2026 година, споредбите

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје за речиси пет минути

12/06/2026

Во рамките на конференцијата „Traffic for All – Skopje“, организирана од здружението „Go Green“, медиуми и учесници најпрво патуваа со

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

12/06/2026

Ноќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy