Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО ЗНАЧИ АПСТРАКТНИОТ ПОЛИТИЧКИ ПОИМ „ПАКЕТ ОД 2022 ГОДИНА“ Владата инсистира на предвидливост и критериуми во преговорите со ЕУ
Македонија

ШТО ЗНАЧИ АПСТРАКТНИОТ ПОЛИТИЧКИ ПОИМ „ПАКЕТ ОД 2022 ГОДИНА“ Владата инсистира на предвидливост и критериуми во преговорите со ЕУ

23/12/2025

AA

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вели дека ставот на Софија е дека државава има обврска да го имплементира пакетот од 2022 година, што според него е апстрактен политички термин, кој се обидуваат да го разјаснат, за што вложуваат максимална енергија, притоа кажувајќи им на претставниците на Европската Унија дека како Влада не се подготвени да прифатат каква било идна отстапка во однос на идентитетот, јазикот и историјата.

– Тоа што мене ме охрабрува е чувството помеѓу повеќе земји членки на Европската Унија дека мора да се најде решение помеѓу Македонија и Бугарија, но не само чувството за потреба за изнаоѓање на решение, туку и очигледниот ангажман на институциите во Брисел и на неколку земји членки, за да се создаде доверба помеѓу двете земји, а со тоа и решение за одблокирање на процесот и отпочнување на преговорите – вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во емисијата „360 степени“ на МРТ1.

На забелешката дека Бугарија смета дека сè е договорено и оти сега е ред на Македонија да испорача, Муцунски вели дека наоѓање на решение нема да биде лесно и оти тој не може да вети нешто такво со апсолутна сигурност. Единствено, вели, може да каже оти земјава ќе води активна кампања на објаснување на позициите, притоа сугерирајќи дека кај голем дел од земјите членки има разбирање за македонската позиција и смета дека ќе има засилен ангажман за ова прашање.

– Објективна пречка којашто повторно ни се поставува на патот е фактот што во Бугарија следи изборен период, во којшто ќе биде тешко, според мене, да се водат преговори. Но, ние не го исклучуваме тој процес. Секогаш сме на располагање за разговори во каков било формат. Се согласувам со една неодамнешна изјава на претседателот на Владата, на премиерот Мицкоски, дека и Софија треба да расчисти дали ова е билатерално прашање или е прашање коешто треба да го решиме во европски формат. Но, тоа што јас ќе го кажам е дека ние имаме желба во добра верба да дискутираме со Софија, да работиме за изнаоѓање решение, но не за решение каде што ќе има ризик за неколку месеци повторно да бидеме во истата позиција во којашто сме сега – кажа Муцунски.

На забелешката дека таква предвидливост е речиси невозможно да се добие, Муцунски вели дека оваа теза е легитимна, но не може да се согласи со неа, оти Македонија не е која било држава, туку земја што направи голем број национални отстапки во минатото.

– Македонија е држава којашто, да, бара предвидливост, бидејќи е специфичен пример по однос на компромисите коишто нејзината нација, нејзиниот народ ги правел во вербата дека Европа ќе донесе подобра иднина за државата. И во сè уште постоечката верба, покрај сите двојни стандарди, покрај сè она што ѝ се правело на нашата држава, сè уште постои верба кај нашиот народ – вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

Бараме да ни кажат, додаде Муцунски, дека разбираат оти донесовме тешки одлуки и дека ги ценат тие тешки одлуки, но и оти за нас отсега ќе се применуваат критериуми.

– Исто така бараме, кога се бара од нас да се оди и над стандардите на највисоките стандарди во Европа, да очекуваме нашите соседи да покажат еден гест, ако не друго, и да ги применат своите обврски коишто произлегуваат од Европската конвенција за човекови права, односно од Европскиот суд за човекови права во Стразбур – рече Муцунски.

Во врска обврските од Реформската агенда и доцнењето на одредени закони од правосудството, тој вели дека тие сакаат да донесат закони што ќе бидат усогласени со највисоките стандарди на ЕУ, но и закони што ќе може потоа да се имплементираат бидејќи, според него, најопасното нешто во делот на приближување на европските стандарди е да се донесат закони кои потоа нема да можат да бидат имплементирани.

– Така потоа може да бидете подложни на нови критики од страна на Европската Унија. Нешто што во моментот, не би рекол го отежнува, но го прави малку поспор процесот на носење на овие закони е што кога ги имаме конечните верзии, тие пред да бидат пуштени во Собранието, се усогласуваат со Европската Унија, со претставниците во Брисел и нивните експерти, и понатаму доаѓаме до конечната верзија. Можеби, сигурно сме можеле да бидеме поефикасни, но сме имале и други објективни пречки, како што е изборниот процес кога не функционираше Собранието. Целта е сега да се донесат – вели Муцунски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy