Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БАДЕНТЕР ВО УСТАВНИОТ СУД И ПРИ ИЗБОР НА ВЛАДАТА Ахмети поставува услови без кои ДУИ немало да прифати да биде на власт
Македонија

БАДЕНТЕР ВО УСТАВНИОТ СУД И ПРИ ИЗБОР НА ВЛАДАТА Ахмети поставува услови без кои ДУИ немало да прифати да биде на власт

23/12/2025

AA

Изборот на владата да биде со Бадентерово мнозинство и со Бадентер да се носат одлуките на Уставниот суд кои се однесуваат на законите што во Собранието се донесени со двојното мнозинсто –  ова се условите ДУИ да влезе во која било идна македонска влада, вели претседателот на партијата Али Ахмети.

Ахмети, кој денеска одржа брифинг во партиското седиште во Мала Речица, придружуван од новото потесно раководство на ДУИ, е уверен дека таквите барања не излегуваат од рамката на Охридскиот договор.

Според него, ова не е штетно решение и не тешко да се реализира, а ќе донесе поголема стабилност на државата, зајакнување на нејзината единственост и функционирање на мултиетничкиот концепт.

– Рамковниот договор не беше совршен и во неговиот дух е зајакнување на унитарноста на државата. Ние сме легалисти и имаме предлог до сите што, убедени сме, може чесно да помине – изјави Ахмети.

Тој ги отфрла тврдењата дека ваквиот предлог го дава за да може да политички да се пазари, бидејќи во моментов од ДУИ зависи Бадентеровото мнозинство во Собранието.

Лидерот на ДУИ не одговори прецизно на прашањето зошто не понудил ваков предлог во претходните години, додека ДУИ беше на власт. Не одговори ниту како ќе ги натера лидерите на македонските партии да го прифатат условот.

Тој тврди дека оваа понуда долго ја анализирале заедно со домашни и со странски познавачи на Рамковниот договор и е убеден дека дошле до решение што не е еуфорично и не предизвикува вознемиреност кај Македонците.

– Сè повеќе се шират гласини дека мултиетничката држава е нефункционална. Некои размислувања со етнички контотација нè враќаат во периодот пред речиси 25 години. Слушаме тези и од дома и од надвор за поделба на државата. Ние остануваме на ставот дека Македонија треба да биде унитарна држава со граѓани што ќе имаат еднакви можности. Гласањето на влада со двојно мнозинство и гласањето со Бадентер во Уставниот суд е во тој правец и не остава простор за поделба на Македонија – рече Ахмети.

Ахмети упати порака до мнозинството дека со национализам ја водат државата во погрешен правец.

– За да се подгрее национализмот, нема подобар од мене. Јас сум еден од учесниците што ја растурија Југославија и имав проект 1981-2001. Албанците се државотворен народ во Македонија и никако не смее да бидат потценети. Не е лесно да се занимаваме со оваа филозофија што ја претставивме пред граѓаните. Македонските партии не треба да се залажуваат со албански партии вазали, кои не нудат одржливи решенија. Тие може да се прифатливи за македонските партии во одредени моменти, но се многу штетни за државата – вели Ахмети .

На прашањето за чистката во раководството на партијата по конгресот и зошто тој не заминал ако веќе смета дека со промените ќе ја реформира партијата, Ахмети рече дека „капетанот последен го напушта бродот додека бродот не стаса до брегот“. На дополнителното прашање дали брегот е Илинденска број 2, поточно влез во Владата, тој одговори дека брегот е „Европската Унија и стабилна држава“.

Додаде и дека не се откажал од барањето за предвремени парламентаррни избори. Повтори и дека клучно за борбата со корупција е неговиот предлог за ветинг на сите функционери во последните 35 години.

Лидерот на ДУИ одби да одговори дали е ова негов последен мандат на чело на партијата. Рече дека е 15 години  помлад од американскиот претседател Доналд Трамп, а промените за кои се залага и соработниците го подмладуваат.

 

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
Македонија

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026
Македонија

Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во

04/08/2026
Македонија

Пожарот кај Кавадарци е под контрола: Се очекува целосно гаснење,

04/08/2026
Македонија

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ПРЕГЛЕДИ ВО ГОСТИВАР: Регистриран уште еден сомнителен

04/08/2026
Македонија

Цената на бензинот паѓа, на нафтата се зголемува – од

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44849
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба: Се врши хиперхлорирање

04/08/2026

Водата во Гостивар и понатаму не е безбедна за пиење и за подготовка на храна, туку смее да се користи

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести испратен последниот партизан и прв

04/08/2026

Денес во Велес, со високи државни почести, до неговото вечно почивалиште беше испратен д-р Никола Стојановски — првиот претседавач на

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат со крем за сончање

04/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати итно предупредување и апел до родителите за преземање дополнителни превентивни мерки за заштита на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy