Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Официјално: Еврозоната влезе во рецесија
Македонија

Официјално: Еврозоната влезе во рецесија

09/06/2023

AA

Економијата во еврозоната падна за 0,1 отсто во првиот квартал, објави денеска Евростат.

Последниот квартал од 2022 година, исто така, забележа пад на БДП од 0,1 отсто, така што по два последователни квартали негативен раст, еврозоната влезе во блага рецесија.

За разлика од еврозоната, економијата на ЕУ забележа благ квартален раст од 0,1 отсто.

Најголем економски раст во однос на претходниот квартал е забележан во Полска – од 3,8 отсто, Луксембург – 2,0 отсто и Португалија – 1,6 отсто, додека најголем економски пад е забележан во Ирска – за 4,6 отсто, Литванија – за 2,1 отсто и Холандија – за 0,7 отсто.

Германската економија падна за 0,3 отсто на квартално ниво, додека економски раст е забележан во Франција – 0,2 отсто и Италија – 0,6 отсто.

Потрошувачката на домаќинствата е намалена за 0,3 отсто на квартално ниво, како во еврозоната, така и на ниво на ЕУ. Државните трошоци се намалени за 1,6 отсто во еврозоната и за 0,9 отсто во ЕУ.

Кварталниот извоз падна за 0,1 отсто во еврозоната, а порасна за 0,1 отсто во ЕУ, додека увозот падна за 1,3 отсто – и во еврозоната и во ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Премиерот: Ќе ја анализираме секоја фактура за да ги намалиме

29/06/2026
Македонија

Топлотен бран во Македонија, ИЈЗ издаде препораки за заштита

29/06/2026
Македонија

Нормализиран сообраќајот кон Меѓународниот аеродром Скопје

29/06/2026
Македонија

Во среда последно збогум за Владо Јаневски на гробиштата во

29/06/2026
Македонија

Трагедија во Карпош: 58-годишен скопјанец пронајден мртов во базен во

29/06/2026
Македонија

UNCTAD: Критичните минерали ќе ја обликуваат идната економија, Иловица останува

29/06/2026
Македонија

Николоски: Следува целосна трансформација на железницата, ќе се набават нови

29/06/2026
Македонија

Од утре пороен дожд, грмежи и невреме во овие делови

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44023
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Израел и Иран официјално потврдија дека го прифаќаат прекинот на огнот

24/06/2025

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy