Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ – се продава Стоковната куќа „26 јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес
Економија

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ – се продава Стоковната куќа „26 јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

09/06/2023

AA

Компанијата за производство на масло за јадење, „Кристал“ од Велес, продава голем дел од својот недвижен имот, и тоа во повеќе градови, а меѓу нив и многу атрактивен имот во главниот град на земјава.

Едно од најбитните и најатрактивните делови од имот што се продава е Стоковната Куќа 26 јули во Скопје, која јавноста ја памети како една од поголемите и најчесто посетуваните трговски објекти од времето на социјализмот. 

Таа и сега работи, со безброј тезги во неа и продажба на буквално се и сешто. 

Не се знае која цека ќе добијат од Кристал за продажба на овој објект, кој веројатно го издаваат под наем.

Одлуката за продажба, меѓу другите, вчера ја донеле акционерите на своето редовно годишно Собрание, а за неа производителот на масло за јадење ја информираше инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Акционерите бараат овој објект, како и другите кои ќе се продаваат, да се продаваат согласно позитивните законски прописи, односно по пат на јавна продажба или со непосредна спогодба, по пазарни цени, кои се најповолни во моментот на продажба на друштвото. 

„Се одобрува продажба на градежни-деловни објекти сопственост на ПИ Кристал 1923 – Велес, и тоа следниве објекти. 

Магацини во село Логоварди Битола, како градежни објекти, со површина од 3.500 метри квадратни, потоа право на користење двор од над 8.000 метри квадратни, а се продава и земјиште под згради во селото Логоврди од над 3.700 метри квадратни. 

Потоа, на барабан ќе оди и продавница во Битола од 167 метри квадратни.

Едно од најинтересните „перчиња“ имот кои ќе се продаваат е и Стоковната куќа 26 јули, со површина од 1.370 метри квдратни, на улицата Крсте Мисирков“, се вели во одлуката од акционерското Собрание објавена на Берзата. 

Се продава и деловен простор во Куманово, Кавадарци, Охрид….

Инаку, оваа компанија реши целата своја добивка што ја оствари минатата година, во износ од 370 илјади евра, да ја намени за инвестиции на компанијата. Нема да има дивиденда за акционерите.

„Добивката да се распореди на следниов начин:

Износ од 27.755.500 денари (370 илјади евра – н.з.) да се искористи за финансирање на планирани инвестиции во друштвото – реинвестирана добивка, и да не се издвојува износ за исплата на дивиденда поради реинвестирање на добивката односно правење на инвестиции во друштвото“, се вели во објавата од друштвото до Македонската берза.

Прехранбената индустрија “Кристал 1923” АД од Велес започнува со работа во 1923 година и како фабрика за масло работи до 1999 година кога е трансформирана во Прехранбена индустрија поради широкиот асортиман на прехрамбени производи во сопствено производство. Друштвото до 2020 година работеше под називот Благој Ѓорев АД Велес.

Компанијата има поголем број сопственици со акции над 5 отсто од капиталот, а најмногу акции поседува самата „Кристал“ и тоа сопствени акции 25 проценти.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy