Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Официјална средба на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“
Економија

Официјална средба на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

04/04/2025

AA

Претседателот Стопанската комора, Бранко Азески имаше средба со генералниот директор на компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП), Иван Костич и Василка Салевска-Трајкова, менаџер за екстерни прашања. ФМТКП е македонската филијала на „Филип Морис Интернешнл“, водечка меѓународна тутунска компанија.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката во бизнис секторот како и за актуелните предизвици и трендови во тутунската индустрија, но и пошироко во стопанството.

Претставниците на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ ги презентираа постигнатите позитивни резултати, производствените и извозните потенцијали, планови но и предизвици во целокупниот бизнис-екосистем. Производите на ФМИ се продаваат на приближно 170 пазари низ светот. Глобално, ФМИ ги поседува број еден брендовите за цигари, но и иновативни производи без чад од категориите на уреди за загревање, несогорлив тутун и никотински ќесички.

Компанијата ФМТКПзапочна со работа во 2014 година како стратешко партнерство помеѓу глобалната тутунска компанија Филип Морис Интернешнл и Тутунски комбинат Прилеп при што ФМИ поседува 51% додека ТКП држи 49% од акциите на заедничкото вложување. Од самите почетоци ФМИ инвестира во модернизација и реструкутрирање на Тутунскиот Комбинат Прилеп, вложува во капитални инвестиции за производство на цигари што овозможија извоз на повеќе од 10 пазари во Европа и во земјите-членки на ЕУ.

Во новата стратегија на Комората најзначајно место ќе имаат токму институциите што имаат највисоки професионални стандарди, што инвестираат во напредни технологии, што создаваат производи со додадена вредност, со што ја зголемуваат конкурентноста на македонската економија.

Соработката со ФМТКП постои од самите почетоци, а делувањето на нејзините претставници во телата на комората и како експерти во одредени области е патоказ како треба да се соработува со домашниот бизнис. Комората гради односи со компании како ФМТКП со кои можеме да наметнеме свој став и решенија по одредени прашања кај Владата. Во наредниот период ќе се работи во насока на забрзано воведување нови технологии и иновативни решенија во оваа индустрија и нивно законско регулирање, за што лично ќе се заземе и претседателот Азески. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН

09/10/2026
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46086
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од вторник се очекува

09/10/2026

Утрото во сабота, 10 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови ќе има

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy