Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од петок поскапуваат цигарите во Македонија
Македонија

Од петок поскапуваат цигарите во Македонија

10/10/2023

AA

Нова лоша вест за пушачите, поготово за оние поактивните. Веќе в петок поскапуваат цигарите за 5 денари, кои директно ќе им удрат врз буџетот. Имено, со одлука на владата на 05.10.2023 година донесени и објавени се измените и дополнувањата на Законот за акцизите кои на сила стапуват од 13.10.2023 година. Со овој закон, се ставаат на терет увозниците со нови давачки при увозот на цигари, пури и цигарилоси, со што дополнително се оптоварува буџетот на граѓаните на цена на државата, а ќе влијае и на увозниците во иднина.

Во делот за цигари се додава нов член 84-а кој гласи:

Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3.253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Ако комбинираната акциза е пониска од 3,453 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,453 денари за таа количина.”

Според јавно објавениот документ, со одлуката на владата на членот 85 се додава дополнителен член 85-а со кој се утврдува акцизата на пурите и цигарилосите и истата гласи:

(1) Акцизата на пури од член 79 од овој закон изнесува 21,37 денари по парче и 9% од малопродажната цена.

(2) Акцизата на цигарилоси од член 79 од овој закон изнесува 10,00 денари по парче и 9% од малопродажната цена.

Со овој предлог според увозниците и продавачите на мало, се дестимулира работењето, на цена на досега не направените промени за увоз на пури и се стимулира шверцот на физичките лица, кои не престано носат тутунски производи од други држави кои имаат далеку помали давачки од нашите. Во разговор со дел од нив, ова претставува досега невидено оптоварување, и единствени се во изјавите дека со ова само дополнително ќе се стимулира црниот пазар, кој за жал не придонесува ништо добро за државата, која има обврска да ги штити увозниците од нелојалната конкуренција и шверц

Исто така, она што е важно да се потенцира е дека досега оваа власт, а и ниту една претходно, никогаш при носење на законите, не го слушнала гласот на увозниците и проблемите со кои секојдневно се соочуваат и одлуките се носат зад затворени врати.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45864
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО Уапсени се четворица, по тројца

29/09/2026

Четири лица, сите државјани на Полска, се уапсени откако со четирицикли влегле во просторот на воените магацини во Тетово, а

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ, ОТКАКО ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ГИ ПРОДАДЕ

29/09/2026

Поранешната влада сама прифати услов за промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции во евроинтеграциите, вели премиерот

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски го потсети СДСМ што побарал

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на СДСМ за проектот со антимонот кај Крива Паланка, тврдејќи дека опозицијата „си измислила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy