Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителството бара повисока, одбраната поблага казна за Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова: „Голема грижа на совест имам за тоа што се случи“
Македонија

Обвинителството бара повисока, одбраната поблага казна за Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова: „Голема грижа на совест имам за тоа што се случи“

06/10/2025

AA

Пред Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 13 мај годинава, со која Васил Јованов беше осуден на 12 години затвор за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по признание на вина за сообраќајната несреќа во која загина Фросина Кулакова во јануари на булеварот „Партизански одреди“.

Обвинителството побара преиначување на пресудата и изрекување на построга казна, додека одбраната инсистираше на нејзино намалување.

На седницата беше присутен и обвинетиот Јованов, спроведен од Затвор Скопје, кој уште еднаш изрази каење за стореното дело.

„Уште еднаш сакам да изразам најдлабоко каење и искрено сочувство на семејството на загинатата. Голема грижа на совест имам за тоа што се случи и болката што ја предизвикав“, изјави Јованов пред судот.

Судијката известител Александра Ристовска информираше дека по предметот има жалби и од Обвинителството и од одбраната – првите бараат повисока, а вторите поблага казна или враќање на предметот на повторно постапување.

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи побара жалбата на Јованов да биде одбиена, а онаа на Обвинителството уважена, со образложение дека висината на казната не одговара на тежината на делото.

„Обвинетиот свесно управувал без возачка дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, со што предизвикал смрт на пешак. Со вакво однесување, без почитување на ниту едно сообраќајно правило, никој не може да се чувствува безбедно во сообраќајот“, рече Фетаи.

Таа додаде дека со оглед на зачестеноста и тежината на ваквите дела, потребно е доследно корегирање на казнената политика, а во конкретниот случај казната треба да се движи кон горната граница.

Одбраната, предводена од адвокатот Сашко Дуковски, побара намалување на казната или повторување на постапката, посочувајќи дека признанието на вина и искреното каење треба да се ценат како олеснителни околности.

„Признанието се дава со цел да се избегнат долги постапки и да се покаже дека сторителот се кае. Во моментот на донесување на пресудата, Јованов беше неосудувано лице, што Судот мораше да го има предвид“, истакна Дуковски.

Адвокатот посочи и на други случаи, како примерот со Ангелчо Николов од Велес, чиишто казни за слични дела биле пониски, нагласувајќи дека не треба да се создава нова судска пракса токму од овој предмет.

Основниот кривичен суд Скопје претходно му изрече 12 години затвор на Јованов, петгодишна забрана за управување возило и парична казна. Како олеснителни околности беа земени признанието, каењето, возраста и дотогашниот живот на обвинетиот, а како отежнителни – управувањето без возачка дозвола, под дејство на алкохол, преминувањето на црвено светло и фактот дека бил веќе осудуван за друго кривично дело.

Фросина Кулакова од Неготино загина на 29 јануари годинава кога, додека поминувала пешачки премин кај Универзална сала во Скопје, била прегазена од возилото со кое управувал Васил Јованов. Обвинителството утврди дека возачот бил под дејство на алкохол, без возачка дозвола и дека го минал крстосницата на црвено светло.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски најавува нова механизација за подобро собирање на отпадот

16/05/2026
Македонија

Владата ги продолжи економските мерки до 1 јуни

16/05/2026
Македонија

ФОТО Се запали автобус на автопатот Велес–Скопје, патниците евакуирани навреме

16/05/2026
Македонија

Хигиеничар во училиште осомничен за насилство врз деца во Берово

16/05/2026
Македонија

Нова државна поддршка за занаетчии и мали фирми: 11,3 милиони

16/05/2026
Македонија

17 возачи приведени поради безобѕирно управување со моторно возило!

16/05/2026
Македонија

Со закана со пиштол се обидел да ограби канцеларија за

16/05/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје поради традиционалниот

16/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43309
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски најавува нова механизација за подобро собирање на отпадот

16/05/2026

Скопје и натаму се соочува со проблеми во собирањето на отпадот, но градските власти уверуваат дека наскоро ќе пристигне нова

Владата ги продолжи економските мерки до 1 јуни

16/05/2026

Во услови на продолжени економски предизвици и нестабилност на светските пазари, Владата одлучи да ги продолжи мерките за заштита на

ФОТО Се запали автобус на автопатот Велес–Скопје, патниците евакуирани навреме

16/05/2026

Попладнево на автопатот Велес–Скопје, автобус со прилепски регистарски таблички се запалил во близина на наплатната станица Отовица. Благодарение на брзата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy