Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања – побрзи трансфери и значајно пониски надоместоци за плаќања во евра
Македонија

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања – побрзи трансфери и значајно пониски надоместоци за плаќања во евра

06/10/2025

AA

Од утре (7 октомври), НЛБ Банка официјално започнува со плаќања преку СЕПА – Единствениот европски платен простор, овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи меѓународни трансфери во евра со сите земји членки на СЕПА, со значајно пониски надоместоци.

Откако кон крајот на мај годинава, НЛБ Банка ја достави апликацијата до Европскиот платен совет за членство во СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area), со што стана и првата банка во Република С. Македонија која го започна процесот на интеграција во системот, веќе од утре, клиентите на НЛБ Банка ќе можат да вршат и примаат плаќања во евра во над 40 земји-членки на СЕПА, со истата леснотија и ефикасност како и домашните трансфери.

Значајна придобивка за клиентите е новиот тарифник за СЕПА и повеќекратно пониските надоместоци, со посебен фокус на електронските плаќања. Така, за кредитни трансфери преку дигиталните канали за физички лица, НЛБ Банка ќе понуди цени почнувајќи од 1 евро за најниските рангови, односно 5 евра за најголемиот број на кредитни трансфери, додека за приливите продолжува со 0,16 евра за најниските рангови и 3 евра за најголемиот број на приливни транасакции. Примателите на странски плати и пензии во НЛБ Банка продолжуваат да ги реализираат приливите по овие основи без провизија.

И за компаниите, Банката ќе понуди повеќекратно намалени тарифни надоместоци за електронските плаќања.

Повластените надоместоци за плаќањата на физичките лица и компаниите помеѓу банките во рамките на НЛБ Групацијата остануваат непроменети.

Ценовното стимулирање на електронските налози ги поттикнува клиентите да ги извршуваат плаќањата преку дигиталните канали наместо на шалтер, што претставува значаен импулс во севкупната дигитална трансформација, унапредување на клиентското искуство и зајакнување на дигиталната зрелост во банкарскиот систем. Сепак, НЛБ Банка воведе пониски надоместоци и за шалтерските налози, почитувајќи ги префенците и потребите на клиентите.

Повеќе информации за новите услови и начинот на користење на СЕПА плаќањата се достапни на www.nlb.mk, на телефонскиот број на Контакт центарот – 02/15 600, и во сите експозитури на НЛБ Банка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ РАСИПЕ В НЕДЕЛА ОД понеделник почнуваат врнежи

17/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СО „14-0“ ГО ОТВОРИ ПРАШАЊЕТО ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА Што

17/09/2026
Македонија

УСТАВНИ ИЗМЕНИ САМО СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО Така Македнија би добила

17/09/2026
Македонија

📽️ НЕМА ИМПРОВИЗАЦИИ, ОВАА ВЛАДА ИСПОРАЧУВА Партнерството со САД е

17/09/2026
Македонија

СМЕНЕТА ЦЕЛА ЕДИНИЦА НА БЈБ ВО КУМАНОВО ЗА БОРБА ПРОТИВ

17/09/2026
Македонија

ЗДРУЖЕНИЕТО ОМО – ИЛИНДЕН ПИРИН EКСПРЕСНО Ѝ ОДГОВОРИ НА ЈОТОВА

17/09/2026
Македонија

СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ДО КРАЈОТ НА

17/09/2026
Македонија

38-ГОДИШНАТА М.И.Б ОД СКОПЈЕ Е ЖЕНАТА ШТО ФРЛИ ЃУБРЕ ВО

17/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45654
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ РАСИПЕ В НЕДЕЛА ОД понеделник почнуваат врнежи и постепено заладување

17/09/2026

Времето в петок, 18 септември, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

МИЦКОСКИ СО „14-0“ ГО ОТВОРИ ПРАШАЊЕТО ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА Што е со пресудите за Македонците

17/09/2026

„14 спрема нула“ – со оваа формулација премиерот Христијан Мицкоски во интервју во Атлантскиот совет во Вашингтон го отвори прашањето

УСТАВНИ ИЗМЕНИ САМО СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО Така Македнија би добила гаранции дека нема да има

17/09/2026

Уставните измени да се донесат веднаш, но нивното дејство да се одложи до крајот на преговорите со Европската Унија. Ова

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy