Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинение за десетмина од екипата на Штекли
Магазин

Обвинение за десетмина од екипата на Штекли

27/05/2025

AA

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против десет лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година обвинетите како повеќе лица се здружиле во криминална група која на територијата на град Скопје се занимавала со неовластена трговија со наркотични дроги – кокаин и марихуана.

Врз основа на прибавените докази во истражната постапка утврдено е дека групата била јасно структурирана и имала строго дефинирани улоги меѓу членовите – од набавка и складирање, до пакување, транспорт и продажба на дрогата. Дрогата била складирана во специјално изнајмени станови, а потоа во помали количини дистрибуирана и продавана на нарко-пазарот, по утврдени цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Парите од продажбата се предавале на првообвинетиот кој како награда дел од парите им давал на останатите обвинети, а воедно им давал и насоки за проширување на мрежата на препродавачи.

Членовите на групата користеле мрежа на препродавачи и посредници од кои седуммина опфатени во овој предмет ја признаа вината и се спогодија со обвинителството и притоа добија затворски казни.

Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и предлог за продолжување на мерка притвор и мерка куќен притвор за обвинетите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вчера приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило – петмина

14/04/2026
Македонија

Минимален раст на цените, трговците ја намалиле маржата

14/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ЧЕТИРИ СЛУЧАИ Две лица приведени во Велес

14/04/2026
Македонија

Кривичен суд за Груевски: Казната за „Тенк“ застари, активни остануваат

14/04/2026
Македонија

Полицаец од Струмица „измирувал“ тепачи, па си задржал 500 евра

14/04/2026
Македонија

ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА: Дизелот поевтинува за 2,5 денари, бензините за 1,5

14/04/2026
Македонија

АКО ДОЈДЕ, ГРУЕВСКИ ПРВО ЌЕ МОРА ДА ОДИ ВО ЗАТВОР,

14/04/2026
Македонија

СДСМ ЛИКУВА НА ПОБЕДА НА ПАРТИЈА КОЈА Е ДЕЛ ОД

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42461
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вчера приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило – петмина возеле без дозвола!

14/04/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување

Минимален раст на цените, трговците ја намалиле маржата

14/04/2026

Цените на основните производи во земјава бележат минимален пораст, додека трговците ја намалиле својата профитна маржа со цел да се

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ЧЕТИРИ СЛУЧАИ Две лица приведени во Велес и во Куманово

14/04/2026

Две лица се приведени поради семејно насилство, а полицијата во последното деноноќие регистрирала вкупно четири случаи во неколку градови низ

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy