Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ ЛИКУВА НА ПОБЕДА НА ПАРТИЈА КОЈА Е ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА ВО КОЈА ЧЛЕНУВА ВМРО-ДПМНЕ Петрушевски му порача на Филипче да си гледа во својот двор
Македонија

СДСМ ЛИКУВА НА ПОБЕДА НА ПАРТИЈА КОЈА Е ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА ВО КОЈА ЧЛЕНУВА ВМРО-ДПМНЕ Петрушевски му порача на Филипче да си гледа во својот двор

14/04/2026

AA

СДСМ и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња, порача денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС којашто некогаш беше релевантна и кредибилна, Филипче ја доведе во комбинација со Заев, да тоне сѐ повеќе и повеќе во жива кал и да нема како да излезе од неа. СДС којашто треба да биде главна опозиција и коректив на власта, се занимава со сѐ, само со себе не. Се занимаваат со избори во други држави, а не си ги гледаат своите редови кои им се рушат сѐ повеќе како кула од карти. СДС ликува на победа на партија која е член на Европската народна партија или попозната како ЕПП, партијата Тиса, каде што е член и ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна пак, сестринската партија на СДС и член на Партијата на Европски социјалисти од Унгарија освои 1,18% од гласовите. Тоа е нешто слично со рејтингот кој СДС го има во Македонија, и е многу близок до рејтингот на Филипче. СДС и Филипче прават сѐ, само не си го гледаат сопствениот двор. Наместо да се дистанцираат од политиките на аболицираниот криминалец Зоран Заев кои ги доведоа до ова дереџе, тие продолжуваат по неговите стапки и го величаат како да е најголем светец – вели Петрушевски.

Тој додава дека ако СДСМ продолжи да се однесува вака, им се заканува бришење од политичката сцена.

ВМРО-ДПМНЕ ја честита победата на партијата Тиса и на Петер Маѓар, со кои очекува да ја продолжи билатералната соработка и на државно ниво да работи на интеграцијата во ЕУ.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy