Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АКО ДОЈДЕ, ГРУЕВСКИ ПРВО ЌЕ МОРА ДА ОДИ ВО ЗАТВОР, ПА НА ПОВТОРНИ СУДЕЊА Сè додека има азил во Унгарија не може да биде испорачан во Македонија
Македонија

АКО ДОЈДЕ, ГРУЕВСКИ ПРВО ЌЕ МОРА ДА ОДИ ВО ЗАТВОР, ПА НА ПОВТОРНИ СУДЕЊА Сè додека има азил во Унгарија не може да биде испорачан во Македонија

14/04/2026

AA

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Доколку поранешниот премиер Никола Груевски биде екстрадиран во Македонија или самиот се врати по евентуалното укинување на азилот што му го даде Унгарија, тој прво ќе оди во затвор, и тоа 1,5 година за предметот „Насилство во Центар“ и 9 години за „Плацови на Водно“, а потоа повторно ќе му се суди за овие два предмета, затоа што судењата се одвиваа во негово отсуство.

Груевски избега од Македонија на 11 ноември 2018 година, два дена подоцна на Фејсбук објави дека е во Унгарија, каде истиот месец доби меѓународна заштита – политички азил, како жртва на политички прогон во неговата земја.

Прво во затвор, па на повторено судење

По падот на долгогодишниот унгарски премиер Виктор Орбан и најавата на идниот премиер Петер Маѓар дека Унгарија „повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци, меѓу кои и за Никола Груевски, кој е осуденик“, во Македонија се отвора прашањето кој би бил неговиот статус ако се појави во Македонија.

Според правниците, нема дилема, ќе биде однесен во затвор, од каде ќе може да бара пак да му се суди за оние предмети за кои му било судено во отсуство и кои досега не се застарени.

– Ако се појави Груевски, ќе биде упатен во затвор на издржување на затворската казна. Оттаму има право да бара повторување на судењето. Откако ќе му биде уважено барањето, Кривичниот совет ќе треба да донесе одлука за тоа. Верувам дека Кривичниот совет ќе постапи како и за сите вакви барања и ќе донесе одлука со која правосилните затворски пресуди ќе се стават вон сила. Тоа значи дека Груевски на повторените судења ќе се брани од слобода – вели адвокатот Владимир Туфегџиќ за „Плусинфо“.

Мицкоски не очекува Груевски сам да се врати

За да дојде до повторно судење на Груевски, тој или треба да се врати самиот или Унгарија му го укине азилот или пак, да биде екстрадиран на барање на македонските власти. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги прокоментира овие опции.

– Јас немам никакви очекувања, но ако се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна. Ние сме Влада за којашто сите закони важат и Влада којашто мора да ги почитува законите и институциите во државата, а нормално секое лице има право да ги користи институциите, да ги користи своите права, да поднесува потоа жалби. А дали ќе се врати и кога ќе се врати, јас немам такви очекувања – рече Мицкоски.

Тој додаде и дека неговата екстрадиција е побарана уште во 2018 година, а Унгарија ја одбила во 2019 година.

– Постои процедура доколку лицето има право на азил поради определени причини. За дополнителни детали треба да се обратите во Министерството за правда – рече Мицкоски.

Заштитен е како жртва на политички прогон

Груевски побара и доби азил во Унгарија откако беше осуден на 2 години затвор за предметот „Тенк“, за набавката на владиниот „мерцедес“, со тврдење дека во Македонија е жртва на политички прогон.

Потоа македонското Министерство за правда побара негова екстрадиција за да ја отслужи 2-годишната казна, но во 2019 година Врховниот регионален суд на Унгарија донесе конечна одлука дека не се исполнети законските предуслови за тоа, бидејќи според Законот за меѓународна правна помош во правни прашања, лице на кое му е одобрен азил нема да биде екстрадирано во земјата што ја напуштило.

Азилот не може да се укине само со политичка одлука на Маѓар

Македонија може повторно да побара екстрадиција поради затворската казна од 9 години во предметот „Плацови на Водно“, но факт е дека Груевски е заштитен од предавање на македонските власти сè додека азилот му е активен.

Унгарија може да му го укине азилот, како што најави Маѓар, но земјата не може само политички „да си го смени мислењето“ без правна постапка. Новата унгарска власт може да иницира правна ревизија, а конечната одлука мора да ја донесе службата за азил по законска процедура.

Азилот на Груевски законски може да се укине ако повеќе не постои ризик од политички прогон, или ако се констатира дека околностите во Македонија се промениле. Самото укинување мора да биде правно образложено, инаку би паднало на суд, а Груевски ќе има право на жалба или да ги користи европските правни механизми.

Од 8 предмети, само 2 стигнаа до правосилност

На поранешниот премиер му се судеше во 8 предмети што ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство врз основа на индиции во прислушкувани телефонски разговори: „Тенк“, „Насилство во Центар“, „Плацови на Водно“, „Титаник“, „Талир 1“, „Талир 2“, „ТНТ“ и „Траекторија“.

Од нив, правосилни пресуди има за „Тенк“ – 2 години затвор, за „мерцедесот“, за „Плацови на Водно“ – 9 години затвор, за перење пари и противправно стекнување и прикривање имот за купопродажба на парцели на Водно и за „Насилство во Центар“ – 1,5 година затвор, за организирање вандализам и насилства пред Општина Центар во јуни 2013 година. Од овие предмети, „Тенк“ е застарен, за „Насилство“ застареноста ќе настапи во 2027 година, а за „Плацови“ дури во 2043 година.

Делото застарува кога ќе помине двојно време од должината на изречената пресуда, сметајќи од денот кога пресудата станала правосилна.

За предметот „ТНТ“, за рушењето на комплексот „Космос“, Груевски доби неправосилна затворска казна од 9 години затвор, но предметот застаре со измените на Кривичниот законик усвоени во 2023 година.

Без пресудени казни му застаре и „Траекторија“, за договарање провизија при договорите за изградба на автопатиштата, како и „Титаник“, за изборни нерегуларности, каде застаре делот од обвинението за кривичното дело Злосторничко здружување.

Во судница останаа само делови од „Талир“

Застаре и обвинението за делото Злоупотреба на службената положба во предметот „Талир“ кој се однесуваше на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, а продолжува судењето за делото Перење пари. Предметот „Талир 2“, за изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ ќе застари во август оваа година.

Од овие предмети целосно во отсуство се судеа „Плацови на Водно“ и „Талир“. Груевски беше присутен во првите фази од судењата за „Тенк“, „Титаник“, „ТНТ“, „Траекторија“ и „Шамари во Центар“, а потоа судењата продолжија во негово отсуство.

Предистрагата за бегството на Груевски заврши така што Јавното обвинителство заклучи дека нема докази дека службени лица од Македонија му помогнале да избега.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy