Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Минимален раст на цените, трговците ја намалиле маржата
Македонија

Минимален раст на цените, трговците ја намалиле маржата

14/04/2026

AA

Цените на основните производи во земјава бележат минимален пораст, додека трговците ја намалиле својата профитна маржа со цел да се задржи стабилноста на пазарот, покажува најновата анализа на Министерството за економија и труд.

Истражувањето, изработено во соработка со Државниот пазарен инспекторат, ги опфаќа движењата на цените на 55 најпродавани прехранбени и непрехранбени производи во четири трговски синџири, во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година.

Според податоците, продажните цени во просек пораснале за 0,43 проценти, додека набавните цени се зголемиле за 1,01 процент. Во истиот период, просечната бруто профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28 на 15,80 проценти, што укажува дека дел од растот на трошоците не бил префрлен врз потрошувачите.

Анализата по категории покажува различни трендови. Кај основните прехранбени производи е регистриран благ пораст од 0,45 проценти, при што најголемо зголемување има кај киселото млеко, сирењето, јајцата и маслото. За разлика од нив, безалкохолните пијалоци бележат намалување од 1,01 процент.

Пад од 0,86 проценти е забележан и кај овошјето и зеленчукот, иако дел од производите како доматите и кромидот имаат зголемени цени. Кај основните хигиенски производи, пак, е евидентиран пораст од 1,42 проценти.

Од Министерството оценуваат дека ценовните движења во овој период се умерени и под контрола, делумно и поради намалувањето на трговските маржи. Оттаму најавуваат дека ќе продолжат со редовно следење на состојбите на пазарот и, доколку има потреба, ќе предложат мерки за дополнителна стабилизација на цените.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy