Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обид за убиство во Крива Паланка, еден осомничен
Магазин

Обид за убиство во Крива Паланка, еден осомничен

22/01/2025

AA

Кумановското Основно јавно обвинителство поведе истражна постапка против едно 25-годишно лице кое во семејниот дом во Крива Паланка, се обидело со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член од неговото семејство. За лицето е побарано и определување мерка притвор.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 25-годишник, во семејниот дом во Крива Паланка, се обидел со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член од неговото семејство, велат од Републичкото јавно обвинителство.

Во алкохолизирана состојба, осомничениот влегол во вербална расправија со жртвата, а потоа и физички ја нападнал, нанесувајќи и три убодни рани со нож во вратот. Според лекарите, жртвата во моментов не е во животозагрозувачка состојба, но и се предизвикани тешки телесни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
Македонија

Обвинителството објави прислушувани разговори за судијата Ѓоко Ристов

01/09/2026
Македонија

ПОСЛЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ: Повторно отворено Средното полициско училиште „7 Мај“,

01/09/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45386
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026

Меѓуградскиот автобуски превоз во Македонија повторно поскапува, што дополнително ќе го оптовари буџетот на граѓаните кои секојдневно патуваат меѓу градовите

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските ѕвезди

01/09/2026

Светски познатиот тенор Хозе Карерас настапи вечерва во Скопје, на плоштадот Македонија, во срцето на главниот град, по повод одбележувањето на 35 години

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците, огнот се шири кон Серта

01/09/2026

Силниот ветер попладнево го разгоре пожарот во близина на штипското село Селце, ставајќи под директна закана голем број викендици во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy