Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Објавен тендер од 17 милиони евра за електрична конекција со Албанија
Економија

Објавен тендер од 17 милиони евра за електрична конекција со Албанија

28/04/2025

AA

 АД МЕПСО денеска објави меѓународен тендер за изградба на 400-киловoлтната конекција со Албанија, проект за комплетирање на регионалниот енергетски коридор Исток-Запад, во висина од 17 милиони евра.

Новиот тендер е објавен откако претходниот изведувач преку неоправдани барања за дополнителни средства и еднострано напуштање на теренот го загрози проектот и јавниот интерес поради што беше раскинат договорот со него.

Со тендерот се  предвидува изградба на 100-тина километри надземен далновод од Трансформаторската станица Битола 2 до македонско-албанската граница во вредност од околу 17 милиони евра, финасирани преку заем и грантови од ЕБОР и европските фондови. Рокот на доставување на понуди е 45 дена, а се очекува во третиот квартал од годинава да биде избран најповолниот понудувач. Реализацијата на проектот треба да почне на почетокот на следната година, а целосно да биде завршен до крајот на 2027 година.

-Изградбата на овој интерконектор ќе го позиционира нашиот систем како суштински дел од европската електроенергетска инфраструктура, овозможувајќи стабилно учество на регионалните пазари, пристап до системски балансни услуги и обезбедување на посигурно, поекономично снабдување за сите граѓани, рече генералниот директор на АД МЕПСО Бурим Љатифи на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека со тоа се потврдува амбицијата земјава да стане стратешки енергетски јазол на Балканот.

Изградбата на новиот интерконектор, додаде, ќе значи значајно зголемена отпорност на преносната мрежа со минимизиран ризик од прекини и ценовни шокови, отворен простор за приклучување на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, стратешка интеграција на регионалните и европските пазари што долгорочно ќе придонесе за стабилни, достапни и конкурентни цени на електричната енергија.

-Веќе се исплатени околу 5,8 милиони евра кон претходниот изведувач Енергоинвест од кои околу два милиони евра се вратени преку банкарските гаранции. Не би рекол дека има финансиски реперкусии, бидејќи исплатените средства се отидени за набавка на опрема која е наша сопственост и е околу 50 проценти од опремата која ни треба за целосна реализација на проектот. За да потврдиме дека опремата и квантитативно и квалитативно е на ниво, ангажиравме стручни лица од Машински и Електро факултет кои тоа го потврдија, рече Љатифи во одговор на новинарско прашање.

Ангажирани беа, како што кажа, и дополнителни стручни лица, консултанти и адвокати за да се дојде до одлуката за прекинување на соработката и распишување на нов тендер.

-За да дојдеме до одлуката ги консултиравме сите сериозни чинители и на крај одлучивме да го раскинеме договорот зашто имаше неосновани финансиски побарувања за дополнителни средства и еднострано напуштање на теренот и условување со зголемени финансиски средства. Сето тоа е во спротивност со договорот и затоа тоа е основниот и најголемиот аргумент за негово раскинување. Освен тоа од 2020 година до сега затекнавме реализација на само 24 од вкупно 269 столбови, што јасно укажува дали имало сериозност во изведувањето и завршувањето на проектот или не, потенцира  Љатифи. 

Прецизира дека се очекува тендерот да заврши во третиот квартал од годинава кога треба да биде избран изведувачот, изведбата на проектот да започне на почетокот од 2026, а целосно да биде завршен до крајот на 2027 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗАЧИТЕ НАУЧИЈА КАДЕ СЕ КАМЕРИТЕ, НО СЕГА ЌЕ ГИ ДЕМНАТ

04/11/2026
Македонија

ВГОДИНА ПОЧНУВААТ ДИЈАЛОЗИ ЗА ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ

04/11/2026
Македонија

ПЕНДАРОВСКИ НЕГИРА ДЕКА ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО МУСЛИУ Тврди

04/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНА НАПРЕДОК ВО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ВО ЈАВНАТА

04/11/2026
Македонија

17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА Е ЖРТВАТА ВО ЗАПАЛЕНИОТ АВТОМОБИЛ Нови детали за

04/11/2026
Македонија

НАДЛЕЖНИТЕ ТЕЛА ЌЕ ГИ ИСПИТААТ СТАВОВИТЕ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ Воената

04/11/2026
Македонија

ДАЛИ ПЕНДАРОВСКИ ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО СЕМЕЈСТВОТО МУСЛИУ? Манасиевски

04/11/2026
Македонија

 ВНИМАВАЈТЕ ШТО ВИ НАПЛАЌААТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ! Предупредување од ФЗО до

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46568
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗАЧИТЕ НАУЧИЈА КАДЕ СЕ КАМЕРИТЕ, НО СЕГА ЌЕ ГИ ДЕМНАТ И ПОЛИЦИСКИ ВОЗИЛА Најавен нов

04/11/2026

Од 2027 година и возилата на Министерството за внатрешни работи ќе служат за откривање и констатирање сообраќајни прекршоци на местата

ВГОДИНА ПОЧНУВААТ ДИЈАЛОЗИ ЗА ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Нема отстапки за уставните измени

04/11/2026

Северна Македонија демонстрира посветеност на реформите и Реформската агенда. Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува земјата на нејзиниот пат

ПЕНДАРОВСКИ НЕГИРА ДЕКА ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО МУСЛИУ Тврди дека нема деловна поврзаност со

04/11/2026

Поранешниот претседател, Стево Пендаровски реагираше на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој го праша дали гради зграда

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy