Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВГОДИНА ПОЧНУВААТ ДИЈАЛОЗИ ЗА ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Нема отстапки за уставните измени што се очекуваат од Македонија
Македонија

ВГОДИНА ПОЧНУВААТ ДИЈАЛОЗИ ЗА ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Нема отстапки за уставните измени што се очекуваат од Македонија

04/11/2026

AA

Северна Македонија демонстрира посветеност на реформите и Реформската агенда. Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува земјата на нејзиниот пат кон ЕУ. Нашата цел останува да го отвориме првиот кластер штом ќе се исполнат условите, рече еврокомесарката за проширување Марта Кос, претставувајќи го Пакетот за проширување за 2026 година во Брисел.

Како што рече Кос, условите за земјава се јасни.

– Северна Македонија треба да ја исполни својата обврска за завршување на уставните измени како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022. Сега зависи од Северна Македонија – рече Кос.

Кос, претходно, претставувајќи го Пакетот за проширување за 2026 година, во кој се содржани извештаите на ЕК за десет земји кандидати за членство во ЕУ, посочи дека секоја земја-кандидатка може да се придружи на групата земји што брзо напредуваат и оти Унијата ги охрабрува сите кандидати да го направат тој избор.

– Комисијата предлага нов модел на постепена интеграција. Сакаме повеќе Европа пред членството за нашите кандидати. Ова носи јасни придобивки за земјите-кандидатки и земјите-членки на ЕУ и служи на заедничките стратешки приоритети – вели Кос.

Таа посочи дека 26 извештај за проширување поставува кохерентен, стратешки и предвидлив пристап кон постепената интеграција што го надополнува и го зајакнува процесот на пристапување.

– Во првиот квартал од следната година, ова е новитет, ќе започнеме дијалози за постепена интеграција со земјите-кандидати за да ги разгледаме постојните мерки и да истражиме понатамошни можности за интеграција – рече Кос.

Таа посочи дека третиот новитет е фокусот на меѓусебно поврзаната природа на европската безбедност.

– Иако е познат фактот дека со процесот на проширување обезбедуваме мир, слобода, безбедност и просперитет во Европа, случувањата во земјите-кандидати имаат директни последици за нашата безбедност. Дезинформациите, кибер-нападите и организираниот криминал влијаат на сите нас. Украина, особено, демонстрира извонредна отпорност во лицето на руската воена агресија. Нејзиното искуство и соработката со ЕУ придонесуваат за зајакнување на сопствената безбедносна и одбранбена подготвеност на Европа – посочи Кос.

Еврокомесарката оцени дека интегрирањето на земјите-кандидатки во безбедносните структури на ЕУ значи подобра размена на информации и поголема координација на активностите.

– Добиваме поголема контрола врз миграцијата и организираниот криминал и го зајакнуваме капацитетот на Европа да издржи надворешни притисоци, а тоа ја зајакнува Европа како целина. Денешниот пакет за проширување доаѓа еден месец откако Комисијата ги презентираше прегледите на политиките пред проширувањето, вклучително и комуникацијата за подготовка за поширока унија. Минатиот месец, нашата проценка покажа дека проширувањето е можно, но има области каде што гледаме предизвици на кои треба да се обратиме – истакна еврокомесарката.

Пакетот, во кој Европската комисија ќе го оцени напредокот на секоја од земјите кандидати, најпрвин ќе им биде претставен на членовите на Комитетот за надворешни работи (AFET) при Европскиот парламент. Потоа постојаните известувачи на AFET ќе подготват посебни резолуции за секоја земја, во кои ќе бидат содржани ставовите и препораките на Европскиот парламент за нивниот пат кон членство во Унијата.

Кос соопшти дека Црна Гора би можела да ги финализира преговорите за пристапување кон Европската Унија до крајот на оваа година со што се отвора патот оваа балканска земја да стане членка на Унијата уште во 2028 година.

– Црна Гора, која е најнапред во преговорите меѓу деветте земји кандидати за членство во ЕУ, е на чекор до завршување на преговорите за пристапување – изјави Кос.

Меѓутоа, земјата треба да спроведе одредени реформи, особено во областите на основните права и финансиските услуги.

 

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ ЖАЛЕЛЕ ДЕКА ИМААТ МНОГУ РАБОТА, А ОДБИВАЛЕ ДА СЕ

04/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ РЕФОРМИРА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ Се подготвува и реорганизација

04/11/2026
Македонија

СИСТЕМИТЕ СЕ ЕЛЕКТРОНСКИ, НО ЗАД НИВ СЕКОГАШ СТОИ НЕКОЈ ЧОВЕК

04/11/2026
Македонија

ВОЗАЧИТЕ НАУЧИЈА КАДЕ СЕ КАМЕРИТЕ, НО СЕГА ЌЕ ГИ ДЕМНАТ

04/11/2026
Македонија

ВГОДИНА ПОЧНУВААТ ДИЈАЛОЗИ ЗА ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ

04/11/2026
Македонија

ПЕНДАРОВСКИ НЕГИРА ДЕКА ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО МУСЛИУ Тврди

04/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНА НАПРЕДОК ВО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ВО ЈАВНАТА

04/11/2026
Македонија

17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА Е ЖРТВАТА ВО ЗАПАЛЕНИОТ АВТОМОБИЛ Нови детали за

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46571
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ ЖАЛЕЛЕ ДЕКА ИМААТ МНОГУ РАБОТА, А ОДБИВАЛЕ ДА СЕ ДЕЦЕНТРАЛИЗИРА ТЕРАПИЈАТА Клековски го крши

04/11/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска истакна дека има отпор на Клиниката за онкологија и на некои од клиничките болници,

ЌЕ СЕ РЕФОРМИРА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ Се подготвува и реорганизација на Ургентниот центар во Клиничкиот

04/11/2026

Поголема достапност на лекови, реформа на итната помош, обнова на болниците и дигитално здравство се дел од проектите за кои

СИСТЕМИТЕ СЕ ЕЛЕКТРОНСКИ, НО ЗАД НИВ СЕКОГАШ СТОИ НЕКОЈ ЧОВЕК Јаневска ги охрабрува студентите да

04/11/2026

Секогаш ќе има поединци што ќе го злоупотребуваат системот, но битно е дека МВР и правдата функционираат. Човекот е откриен,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy