Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нова тура пари за „Бехтел и Енка“: Легнаа повеќе од 53 милиони евра на сметката на градежниот оператор
Економија

Нова тура пари за „Бехтел и Енка“: Легнаа повеќе од 53 милиони евра на сметката на градежниот оператор

04/07/2023

AA

Министерството за транспорт и врски од државниот буџет му исплати на Јавното претпријатие за државни патишта уште 53,33 милиони евра, пари кои потоа ќе одат на сметката на конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10 д.

На 23 јуни на наменската сметка на ЈПДП легнале 3,28 милијарди денари. Ова е втора трансакција наменета за потребите на изведувачот, откако на 26 април беа исплатени 7.254.000.000 милијарди денари, или 117 милиони евра. Тоа значи дека на „Бехтел и Енка“ досега им се исплатени повеќе од 170 милиони евра.

Интересно е тоа што според Програмата за финансирање на патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, втората трансакција треба да изнесува 3,1 милијарда денари, или околу 50 милиони евра, но изминатата недела Министерството за транспорт и врски исплатило околу 3 милиони евра повеќе од претходно предвиденото, покажува платформата „Отворени финансии“.

„Средствата во износ од 3.100.000.000 денари (50.000.000 евра) се наменети за авансно плаќање согласно член 14.2. од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10Д односно за мобилизација, набавка на опрема, бази и материјали за изведувачот и за поддршка на пристап до средства“, пишува во програмата за конкретната трансакција.

Според овој документ, до крајот на 2023 предвидено е на „Бехтел и Енка“ да му се исплатат уште две суми од 25.500.000 и 49.500.000 евра, што се заедно на куп би било околу 250 милиони евра.

Владата досега организираше три настани во врска со почетокот на изградбата на овој проект, иако засега нема интензивни и видливи теренски активности од градежниот оператор. Последниот настан беше на 1 јуни кога беа одбележани активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар.

Првиот вицепремиер Артан Груби тогаш рече дека паралелно течат и процесите на проектирање, изработка на елаборати за експропријација на земјиштето и мобилизација на фирми кои ќе бидат вклучени во изградбата на автопатот.

За разлика од досегашната практика во земјава, најпрво да се избира биро што ќе ја изработува во етапи целокупната проектна документација, по чија изработка се распишуваше тендер за избор на градежна компанија што ќе го гради автопатот, со договорот со „Бехтел-Енка“, самиот конзорциум ќе го проектира автопатот, по што истиот и ќе го гради. И покрај критиките на опозицијата за избраниот модел на изградба, од владата посочија дека овој начин на изградба ќе овозможи многу побрза изведба на автопатските делници и ќе нема грешки во проектната документација како што беше случај со други инфраструктурни проекти во минатото.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45803
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ ДВАЈЦА Полицијата во Свети Николе

25/09/2026

Расправија за паркинг во Свети Николе завршила со автомобил насочен кон двајца мажи и метална порта урната врз нив. Полицијата

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не

25/09/2026

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата,

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата во новото крило ќе надмине

25/09/2026

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy