Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов земјотрес во Турција со јачина од 5,2 степени
Македонија

Нов земјотрес во Турција со јачина од 5,2 степени

25/02/2023

AA

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Нигде во централна Анадолија, соопштија од центарот за следење на земјотреси во Кандили.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Бор, на околу 350 километри западно од опустошената област во Турција и Сирија.

Од петокот вечерта во Турција беа регистрирани најмалку седум земјотреси со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, вклучително и во јужниот дел на земјата погодена од земјотресот, соопшти турската агенција за катастрофи АФАД.

Градоначалникот на градот Нигде, Емрах Оздемир за државната телевизија ТРТ изјави дека сè уште нема извештаи за штетата.

Сирија денеска соопшти дека во последните 24 часа забележала 61 нов земјотрес. Два земјотреси се регистрирани и во северен Ирак, пренесува ирачката државна новинска агенција ИНА.

Првиот е регистриран рано денеска во северната ирачка провинција Ниневија, а вториот во Ербил, главниот град на автономниот регион на ирачки Курдистан. Нема извештаи за жртви или материјална штета.

По големите земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари, се случија повеќе од 9.600 последователни потреси. Орхан Татар од АФАД изјави дека земјотресите би можеле да продолжат и во следните две години.

Агенцијата во петокот објави дека бројот на загинатите во Турција надмина 44.200 лица. Во соседна Сирија загинаа најмалку 5.900 лица, што значи дека вкупниот број на жртви од разорниот земјотрес во двете земји е над 50 илјади лица. Над половина милион луѓе беа евакуирани од погодената област во Турција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy