Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИВНИТЕ СВЕДОЧЕЊА НЕ НАОЃААТ ПОТКРЕПА ВО ОСТАНАТИТЕ ДОКАЗИ Обвинителката Хаџи-Василева за исказите на родителите на обвинетиот судија Ристов
Македонија

НИВНИТЕ СВЕДОЧЕЊА НЕ НАОЃААТ ПОТКРЕПА ВО ОСТАНАТИТЕ ДОКАЗИ Обвинителката Хаџи-Василева за исказите на родителите на обвинетиот судија Ристов

08/10/2026

AA

Обвинителката Искра Хаџи Василева по денешното рочиште во судскиот процес против апелацискиот судија Ѓоко Ристов изјави дека сведочењата на неговите родители не се поткрепени со останатите материјални и други обезбедени докази.

Одговарајќи на новинарско прашање за сведочењето на родителите на Ристов, Хаџи Василева рече дека Обвинителството немало причина да ги предложи како сведоци.

– Обвинителството со овие сведоци воопшто немаше поента и токму затоа не ги предложи, одговори таа.

Според неа, родителите сведочеле за одредени настани и факти, но тие, како што посочи, не наоѓаат поткрепа во останатите материјални и други обезбедени докази.

– Но, повторувам, тоа се родители. Таму маргината на веродостојност и емоции е јасна – станува збор за родители и дете, рече Хаџи Василева.

Во однос на последниот сведок, вработен во МВР – Неготино, обвинителката оцени дека за Обвинителството е изненадување што одбраната го предложила токму него.

– Тоа е полициски службеник кој постапувал единствено како кримтехничар. Забележливо е што одбраната воопшто не ги побара да сведочат оние полициски службеници кои раководеле со претресот и кои го изготвиле она што е суштина на материјалот од тоа дејствие. Нив одбраната не ги предложи, го предложи овој сведок – рече Хаџи Василева.

Таа додаде дека сведокот објаснил сè што знаел, видел и на што бил сведок при увидот во просторијата, но оти Обвинителството не слушнало релевантен доказен капацитет со кој би се побила обвинителната теза или би се докажало нешто во прилог на одбраната.

Спротивно на оценката на Обвинителството, адвокатот Ѕвонко Давидовиќ рече дека сведочењето на кримтехничарот отвора прашања околу начинот на кој бил извршен претресот.

– Крим-техничарот кажа дека заштитна опрема не носеле, дека не се земени брисеви и траги како контролно обезбедување за контаминација на трагите. На 29.12., Ѓоко Ристов бил присутен и помагал при тогашниот претрес и оставил ДНК-траги, па нашите вештаци ќе ви објаснат зошто нема едни траги, зошто има други траги и како е вештачено, истакна Давидовиќ.

Адвокатот најави дека одбраната преку своите вештаци ќе ги образложи и наодите поврзани со преместувањето на парите.

– Имало три преместувања на парите и тоа нашиот вештак ќе го објасни, поткрепено со фотографии токму на Обвинителството – рече Давидовиќ.

Тој најави и дека финансискиот технички советник на одбраната ќе го образложи потеклото на парите и начинот на кој, како што рече, родителите на Ѓоко Ристов ги заработиле.

– Ние ги изведуваме доказите во континуитет за да можете да сфатите што се случувало и зошто е ваква ситуацијата – изјави Давидовиќ.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИТВОР И КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВЕ ШЕФИЦИ ОД ЛОТАРИЈА Осомничени

08/10/2026
Македонија

ЛАНИ ИМАЛО 1.000 НОВИ ПАЦИЕНТИ СО РАК НА ДОЈКА На

08/10/2026
Македонија

НИВНИТЕ СВЕДОЧЕЊА НЕ НАОЃААТ ПОТКРЕПА ВО ОСТАНАТИТЕ ДОКАЗИ Обвинителката Хаџи-Василева

08/10/2026
Македонија

„ЈАС ПЕЧАЛЕВ, НЕВЕСТАТА ГИ ЧУВАШЕ ПАРИТЕ“ Таткото на судијата Ристов

08/10/2026
Македонија

📽️ МВР ДОБИ 33 НОВИ ПОЛИЦИСКИ МОТОЦИКЛИ И КОМПЛЕТНА ОПРЕМА

08/10/2026
Македонија

СО СКАНДАЛОТ ЗА ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ОД 37 МИЛИОНИ ЕВРА ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ

08/10/2026
Македонија

ОД ВТОРНИК СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Во недела обилни врнежи од

08/10/2026
Македонија

„ПРОДАВАВ ПИПЕРКИ, ПА ПАРИЧКИТЕ ГИ ПИКАВ ВО ДУПЧЕТО“ Мајката на

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46049
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИТВОР И КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВЕ ШЕФИЦИ ОД ЛОТАРИЈА Осомничени за проневера на 1,3 милиони

08/10/2026

Притвор и куќен притвор им определи судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на двете финансиски раководителки во

ЛАНИ ИМАЛО 1.000 НОВИ ПАЦИЕНТИ СО РАК НА ДОЈКА На Онкологија се лекуваат 7.000 пациенти

08/10/2026

Илјада пациенти со канцер на дојка се дијагностицирани минатата година и во овој момент на активен третман на Клиниката за

„ЈАС ПЕЧАЛЕВ, НЕВЕСТАТА ГИ ЧУВАШЕ ПАРИТЕ“ Таткото на судијата Ристов тврди дека соѕиданите 350.000 евра

08/10/2026

И Здравко Ристов, таткото на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов денеска во Кривичниот суд, исто како и мајката Донка Ристова,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy