СО СКАНДАЛОТ ЗА ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ОД 37 МИЛИОНИ ЕВРА ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ ДЕКА СДСМ ВЛАДЕЕШЕ КРИМИНАЛНО Сега нека каже и како доби златната виза за Дубаи и скап автомобил
Со скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра, Венко Филипче јасно потврди дека владеењето на СДСМ со државата било полно со криминал и корупција, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
– Во случајот со набавката на хеликоптери од „Леонардо“, иако цената на набавката која ја направила Славјанка чинела 213 милиони евра, таа нагло рипнала за 37 милиони евра повеќе во 2024 година за време на техничката влада. И тука Филипче јасно и гласно посочи дека станува збор за кривично дело и дека треба да се истражи – рече Петрушевски.
И му благодариме за признанието, додаде тој.
– Но, исто вака гласен Филипче треба да е и за тоа како добил златна виза за Дубаи, како добил автомобил од фирма која добива тендер за ископ на јаглен, треба да каже како менуваа ДУП во Дојран за изградба на фотоволтаична централа на фирма на неговиот брат и на братот на Заев. Има многу признанија кои Филипче треба да ги истакне во јавноста, но се надеваме дека ова е само почеток и го охрабруваме да не молчи. Вистината излегува на виделина – рече Петрушевски.
.
Извор: plusinfo.mk