Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот
Економија

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

20/04/2024

AA

Економијата беше и останува врвен приоритет за Владата. Очекувањата кои беа споделени и на состаноците со ММФ и Светска банка се дека кризата е во најголем дел надмината и може да се фокусираме на економски раст и да ги постигнеме посакуваните стапки на раст. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски во интервју за Гласот на Америка за време на учеството на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон. 

„Економијата е врвен приоритет за следната влада. Така беше во минатото, така ќе биде и сега. Не треба да заборавиме дека во овие 4 години менаџиравме криза. Имавме пост-ковид криза, енергетска криза и инфлаторна. Сепак, успеавме да го задржиме стандардот на граѓаните, пораснаа платите, пораснаа пензиите, имаме рекорден раст на просечната плата за овие 7 години. Главен фокус е задржување на стандардот на граѓаните. Во 2023-та, една Германија имаше негативен раст, од -0,3 oтсто. Со оглед дека Германија е наш најголем трговски партнер, не можеме да очекуваме дека ние како мала и отворена економија ќе имаме супериорен раст. Кога менаџираш кризи, не можеш да се фокусираш на раст. Сега на состаноците со ММФ и Светската банка, се говори дека во најголем дел, кризата е позади нас и е надмината. Тоа ќе даде еден поттик и во наредните 4 години македонската економија да го достигне оној посакуван раст и ќе се движи на ниво меѓу 4 и 5 проценти. Тоа ќе ја забрза економијата и ќе го подобри стандардот на граѓаните“, рече заменик-министерот за финансии.

Тој потсети дека во изминатите 4 години на криза никој не беше оставен сам и дека  9-те пакети антикризни мерки беа директно насочени и  кон граѓаните и кон бизнис секторот. При тоа наведе дека се спроведуваат мерки и политики со кои се зачувува стандардот на граѓаните. 

„Од 2017-та година, една просечна македонска плата заедно со една минимална плата, секојпат во овие 7 години се над нивото на потрошувачката кошничка. Така и сега просечната плата достигна 40.000, минималната плата е 23.000 денари, а потрошувачката кошничка е 60.000 денари. Токму со политиките и мерките што ги прави оваа Влада, се зачувува стандардот на граѓаните“, истакна заменик-министерот Николоски.

Тој упати и на остварувањата во 2023 година наведувајќи дека е реализирано највисоко ниво на буџетски приходи, највисоко ниво на реализирани капитални инвестиции од 700 милиони евра,  највисок процент на раст на плата од 16 отсто. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД СТРАВ ИЛИ ОД УЦЕНЕТОСТ, ФИЛИПЧЕ СРАМНО ИЗГУБИ КОНТРОЛА Силни

01/10/2026
Македонија

ИМА ЛИ КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ ЗАЕВ И РАДЕВ? Петрушевски предупредува за

01/10/2026
Македонија

ОД СТРАВ ИЛИ ОД УЦЕНЕТОСТ, ФИЛИПЧЕ ГУБИ КОНТРОЛА Силни осуда

01/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ГО НАВРЕДИ МИЦКОСКИ НАРЕКУВАЈЌИ ГО „КОМПЛЕТЕН ИДИОТ“ Нервозна реакција

01/10/2026
Македонија

ГО НАШЛЕ МРТОВ ВО ИЗГОРЕН КАМИОН КАЈ ЛЕСКОВАЦ Возач од

01/10/2026
Македонија

ИСЕКОЛ ДВЕ БАНКИНИ ОД МОСТ И СИ ГИ ОДНЕЛ ДОМА!?

01/10/2026
Македонија

ОСТАНЕТЕ БУНТОВНИЦИ СО ПРИЧИНА! Студентските денови биле најубави во животот

01/10/2026
Македонија

ОПОЖАРЕН БАГЕР ШТО РАБОТЕЛ НА СТАДИОНОТ „ШКЕНДИЈА“ ВО АРАЧИНОВО Дали

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45914
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОД СТРАВ ИЛИ ОД УЦЕНЕТОСТ, ФИЛИПЧЕ СРАМНО ИЗГУБИ КОНТРОЛА Силни осуди за говорот на омраза

01/10/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот. Ова е срам за македонската политичка

ИМА ЛИ КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ ЗАЕВ И РАДЕВ? Петрушевски предупредува за договор за ново предавство

01/10/2026

Венко Филипче, кој е познат како личност која се спротивставува на сè, само колку да биде против сè што е

ОД СТРАВ ИЛИ ОД УЦЕНЕТОСТ, ФИЛИПЧЕ ГУБИ КОНТРОЛА Силни осуда за говорот на омраза и

01/10/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот. Ова е срам за македонската политичка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy