Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИ НА ФИЛИПЧЕ НЕ МУ Е ЈАСНО ШТО ПРАВИ ФИЛИПЧЕ Отуѓен од реалноста, се однесува како Алиса во земјата на чудата, порача ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

НИ НА ФИЛИПЧЕ НЕ МУ Е ЈАСНО ШТО ПРАВИ ФИЛИПЧЕ Отуѓен од реалноста, се однесува како Алиса во земјата на чудата, порача ВМРО-ДПМНЕ

18/04/2026

AA

Чекаме Венко Филипче и СДСМ да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и Филипче стануваат сè поарогантни, а делуваат целосно отуѓени од реалноста. Не се соочуваат никако со сопствените слабости, и покрај реакциите од јавноста дека Филипче ја води партијата во бездна, и покрај тоа што нивни, сега поранешни, членови и функционери јавно се огласуваат за истото. Најново, по изборите во Унгарија, каде победи партијата Тиса, која инаку е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, а не на СДСМ, очајнички бараат некоја утеха занимавајќи се со избори во друга држава и туѓи политички приказни“, се вели во  соопштението.

Филипче на пример, се додава, се однесува како тој лично да има удел во победата на таа партија, а од друга страна, сестринската партија на СДСМ на истите тие избори доживеа дебакл.

„За тоа досега нема коментар. За каква било насока за СДС нема коментар. Ама има коментар за сè останато. Филипче имаше коментар за стратешкиот договор со Велика Британија, дека наводно договорот бил договор за носење мигранти во земјава. Откако беа демантирани од сите релевантни институции, па дури и од британскиот амбасадор во земјава, остана без коментар. Владата преку тој договор ја постави Македонија рамо до рамо со големите светски сили. Ама јасно е дека на Филипче не му е дојдено до интересите на Македонија“, поренцира ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа Филипче имаше коментар за тарифите од страна на САД, па кога Владата потпиша Заедничка изјава со САД и се намалија тарифите, немаше коментар, се додава во соопштението.

„Во контекст на постмониторингот со Советот на Европа, ВМРО-ДПМНЕ за помалку од две години власт го заврши истиот. 7 години не им беа доволни на СДСМ да го завршат, а сега велат тие го направиле тоа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На никој не му е јасно што прави Филипче, додава партијата.

„На Филипче не му е јасно што прави Филипче. Освен тоа што ги продолжува антидржавните политики, кои инаку се печеа на времето на владеењето на Зоран Заев. А факт е дека тој настапува со некој победнички тон, додека СДСМ пропаѓа континуирано. Никој освен Филипче не води црна кампања против СДСМ, Се скараа со сопартијци, оттурнаа поранешни функционери, влегоа во конфликт со медиуми, со новинари, а сега веќе отворено иницираат кавги со други држави и нивни претставници во земјава“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Можат да се обидуваат да спинуваат, но бројките не можат да ги сменат, додава партијата.

„СДСМ се сведе на 130.000 гласови по локалните избори минатата година, а ќе се сведе на уште помалку на следните избори, според тоа како Филипче ја води партијата. Најзагрижувачко е што ни ова не го вознемирува Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Преку пи-арот на Зоран Башановиќ, додава ВМРО-ДПМНЕ, истата матрица продолжува – се занимаваат со лаги и конструкции, постојано некој води црна кампања против нив и тие постојано се жртва.

„Никој освен Филипче не води црна кампања против СДСМ, и да, точно е дека Филипче и СДСМ се однесуваат како Алиса во земјата на чудата. Шират паника за работи кои не постојат, како тоа за мигрантите, и постојано се во контрадикција со реалноста. Не им е јасно во која земја се опозиција, не им е јасно каде стојат со сестринските партии, не им е јасно кого поддржуваат, не им е јасно што се случува и не се во координација едни со други внатре. СДСМ и Венко Филипче да почнат да се занимаваат со партијата, затоа што со ова темпо ќе ја доведат до раб на исчезнување“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на

20/06/2026
Македонија

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште

20/06/2026
Македонија

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари

20/06/2026
Македонија

Намалување на цената на горивата од понеделник, најави Мицкоски

20/06/2026
Македонија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека

20/06/2026
Македонија

Списокот за новиот владин кабинет до 1 јули пред пратениците,

20/06/2026
Македонија

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и

20/06/2026
Македонија

Коалицијата „Менуваме“ најавува протест и бара правда за лицата со

20/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43846
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на родот, Закон за матична евиденција,

20/06/2026

Со пораки за еднаквост, прифаќање и видливост, денес од фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк започна осмата Парада на гордоста во

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште активен

20/06/2026

До 18 часот, на територијата на целата земја се регистрирани десет пожари на отворен простор, од кои девет се целосно

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари месечно; храната „голта“ третина од

20/06/2026

Четиричлено семејство во Македонија во јуни 2026 година имало потреба од најмалку 68.654 денари за покривање на основните месечни трошоци,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy