Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Невидена криза на германскиот пазар на недвижности: Доаѓаат нови предупредувања, „балонот пукна“
Македонија

Невидена криза на германскиот пазар на недвижности: Доаѓаат нови предупредувања, „балонот пукна“

24/12/2023

AA

Веќе со месеци се зборува за влошување на состојбата на германскиот пазар на недвижности, бидејќи градежништвото значително забави – додека побарувачката расте. Се разбира, еден од најголемите проблеми се цените, но еве за што се работи: бројките паѓаат, што е добро за граѓаните, но не вреди инвеститорите да градат.

Како што неодамна изјави Константин Колодилин од Германскиот институт за економски истражувања (DIW), „балонот пукна“.

– До лани имаше шпекулативен ценовен меур во Германија, еден од најголемите во последните 50 години. Оттогаш цените паѓаат.

Цените на недвижностите во Германија, според тоа, продолжија да се движат надолу и во третиот квартал од 2023 година беа за 10,2 отсто пониски во споредба со истиот период минатата година.

Се вели дека тоа е лош знак за секторот на недвижности во најголемата европска економија. Станува збор за четири последователни тримесечни падови на цените, што не се случило од 2000 година, а актуелната криза на германскиот пазар на недвижности се толкува како најголема во последните неколку децении.

Инаку, самиот сектор на недвижности е просперитетен во целиот свет, а со години цвета благодарение на ниските каматни стапки и високата побарувачка… Сепак, наглиот пораст на каматите и трошоците за живот стави крај на тој тренд.

Падот на цените на семејните куќи во поголемите германски градови во третиот квартал изнесува 12,7 отсто, додека цените на становите се пониски за 9,1 отсто. Дополнително, нарачките за градба се намалени за 6,3 отсто во октомври во однос на септември.

Германската асоцијација на градежната индустрија наведува дека секторот за изградба на станбени згради е на пат кон дополнително намалување на бројот на работни места. На крајот на октомври тие предупредија дека губењето на работните места во таа област се заканува да предизвика бран стечајци и затворање на голем број бизниси.

Потсетуваме дека австриската компанија за недвижности Сигна Груп, која е многу присутна во Германија, во ноември поднесе барање за стечај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата и Министерството за финансии си ја префрлаат одговорноста за

22/05/2026
Македонија

Рафајловски: Премиерот Мицкоски има искрена желба да помогне, но тимот

22/05/2026
Македонија

Предложен притвор за косовски државјанин по трагичната сообраќајна несреќа на

22/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за

22/05/2026
Македонија

Рубин Земон поднесе оставка од Извршниот одбор на СДСМ

22/05/2026
Македонија

Муцунски: Македонскиот идентитет и јазик не се предмет на преговори

22/05/2026
Македонија

Трагичен крај на потрагата во Гостиварско: Исчезнат овчар пронајден мртов

22/05/2026
Македонија

Поништена е јавната набавка за 150 електрични автобуси

22/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy