Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Невиден спектакл на Стемфорд Бриџ: Челси губеше до 100. минута, па го победи Јунајтед (ВИДЕО)
Спорт

Невиден спектакл на Стемфорд Бриџ: Челси губеше до 100. минута, па го победи Јунајтед (ВИДЕО)

04/04/2024

AA

Челси и Манчестер Јунајтед одиграа уште еден епски натпревар за кој ќе се прераскажува во годините што доаѓаат.

„Сините“ победија со 4-3, а мечот го одбележаа два пресврта и голови за победа на домашниот тим во 100. и 101. минута. По 19 минути игра, Челси водеше со 2-0 со головите на Галагер и Палмер од пенал и се чинеше дека Јунајтед ќе доживее катастрофа. Сепак, од 34. до 39. минута, гостите го израмнија резултатот преку Гарначо и Бруно Фернандес, а во 67. минута Гарначо, на извонредна асистенција на Антони го комплетира првиот пресврт.

 

 

Јунајтед беше во водство до 100. минута кога Далот несмасно стартуваше во Мадуеке во својот шеснаесетник и Челси доби уште еден пенак. Палмер повторно беше прецизен од белата точка, а во следниот напад по трет пат ја затресе мрежата на Онана за конечна победа на Челси.

Потешко од очекувањата Ливерпул слацеше на домашен терен против последнопласираниот тим на табелата во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед кој многу веројатно идната сезона ќе игра во понизок ранг.

 

 

„Црвените“ славеа со 3-1, но сами си ја искомплицираа работата и до 76. минута резултатот беше 1-1. Мечот почна со чудниот гол на Нуњез кој не ни шутна, а ја затресе мрежата на Шефилд Јунајтед. По 13 минути игра во вториот дел Бредли си постигна автогол, но Мекалистер со атрактивен гол и Гакпо во 90. минута се погрижија бодовите да остане на Енфилд.

Ливерпул и натаму има два бода предност пред Арсенал, но претстојниот викенд го очекува тешко гостување кај Манчестер Јунајтед.
 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДУИ го кандидара Аркин Јахији за градоначалник на Брвеница

11/08/2026
Македонија

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно

11/08/2026
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44958
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДУИ го кандидара Аркин Јахији за градоначалник на Брвеница

11/08/2026

Демократската унија за интеграција (ДУИ) официјално објави дека Аркин Јахији ќе биде нивниот кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно изјаснување на потеклото

11/08/2026

Македонските организации, епархии и црковни општини во Австралија упатија заеднички апел до сите наши иселеници за масовно, јасно и достоинствено

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy