Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Некои работи се случуваат само во Македонија
Македонија

Некои работи се случуваат само во Македонија

01/05/2024

AA

Во цивилизиран свет каде има функционален здравствен систем и правично судство, лекарите и здравствените работници  се највредниот капитал на здравствениот систем. Заради ваквата вредност, освен што ја уживаат почитта од целото општество за својата улога, тие се и во извесна смисла заштитени со цел здравствениот систем да биде функционален а со тоа и да овозможува квалитетна здравствена заштита, пишува Нетпрес.

Нивната заштита не е апсолутна, туку во мерењето на резултатите од нивната работа се пресметани и многу други фактори, како факторот на услови во кои се работи и општ здравствен амбиент, факторот достапност на практики, медицински средства, персонал, апаратура итн.

А, ние остануваме парадигма за единствена земја каде се суди на доктор. Освен процесот за сторена измама, што се води против д-р Жан Митрев, можеме да се „пофалиме“ со уште еден пример за ставање на доктор во центарот на судски процес, д-р Бобан Вучевски. Но таа сага заврши со ослободителна пресуда, а процесот за д-р Митрев трае повеќе од една година и досега обвинителството ништо не успеа да докаже, напротив се поби самото себе.

Ако сме постојано предводени како мерило од западните примери и напредните демократии, во овој случај само би го посочиле примерот во САД, земја каде се почитуваат закони, се брани слободата на говор и владее демократија. Во оваа земја за време на ковид-пандемијата имаше издадено уредба, со која се обезбедува заштита на здравствените работници во услови на пандемија, со која се обезбедувал имунитет од одговорност во случај на загуба на пациент во текот на медицинскиот третман. Исклучок, се разбира, како што се вели во овој документ, било „намерното недолично однесување“.

И не станува збор само за тоа, туку во текот на целиот судски процес се покажа дека оваа метода наводно за која е извршена измамата се користела во сите болници кај нас, и државни и приватни. Тогаш врз основа на што е селективниот пристап и врз основа на што му беше одземена патната исправа повеќе од една година? Врз основа на што е блокирана сметката на болницата повеќе од година и пол?, додава Нетпрес.

Зборувајќи за времето за кога се одвива овој процес, низ бројки е потврдено дека просекот на смртност на пациентите заболени од ковид во Клиника Жан Митрев беше двојно помал oд бројките во Инфективната клиника во Скопје. Во текот на процесот се посочи дека на пациентите им се вратени околу 500.000 евра, и самите сведоци во случајот посведочија за тоа, и самото обвинителство го прочита како доказ тоа. Никој од сведоците лично не го познава, не зборувал со него.

Ова е можеби еден од најинтересните процеси во земјата, токму поради чудниот тек на судењето. Од аспект на тоа и дека сведоците не биле испитувани еден по еден во Обвинителството туку во група, па секој од секого ги слушал изјавите, што е недозволиво како пракса.

Можеби за овие издвоени случаи, што симптоматично се случуваат токму кај нас, причината треба да ја бараме токму во нас, во нашиот здравствен систем, во нашиот правосуден систем и во нашата објективност кон перцепција на работите наспроти подложноста на влијанија предизвикани од гласни и манипулативни пораки.

Извор: Нетпрес

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија

04/10/2026
Македонија

НЕ КУПУВАЈТЕ ОГРЕВНИ ДРВА ОД ДРВОКРАДЦИ! Така го поттикнувате пустошењето

04/10/2026
Македонија

ЗНАМ ГИ ПОДДРЖУВА РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Димитриевски вели дека притоа

04/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ПРЕИСПИТУВА СКРИНИНГ- ПРОГРАМАТА ЗА РАК НА ДОЈКА Клековски

04/10/2026
Македонија

ИСПИЈАНИЛЕ ДЕТЕ ВО КАФУЛЕ ВО КИЧЕВО, ПО ШТО ТОА ЗАВРШИ

04/10/2026
Македонија

ГОРАТ ПАСИШТА НА ШАР ПЛАНИНА Одговорите убедуваат дека пожарот е

04/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ОТКРИ КРИМИНАЛ НА ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА Влаејачката ВМРО-ДПМНЕ

04/10/2026
Македонија

ДЕНОТ ЗАПОЧНА СО МИНУСНА ТЕМПЕРАТУРА Во Берово измерени 4 степени

04/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45972
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија била отворена за разговор, „но

04/10/2026

Вршителката на должноста претседателка на Бугарија, Илијана Јотова, изјави дека Софија „останува отворена за разговори со Северна Македонија“, но порача

НЕ КУПУВАЈТЕ ОГРЕВНИ ДРВА ОД ДРВОКРАДЦИ! Така го поттикнувате пустошењето на македонските шуми

04/10/2026

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, апелира заменикот директор на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој

ЗНАМ ГИ ПОДДРЖУВА РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Димитриевски вели дека притоа нема отстапки од македонскиот идентитет

04/10/2026

Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy