Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ УСПЕА ОБИДОТ НА ПОМАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ ЗА ПОГОЛЕМА ДИВИДЕНДА – „Гранит“ ќе дели по 42 денари за акција, еве кои се причините
Економија

НЕ УСПЕА ОБИДОТ НА ПОМАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ ЗА ПОГОЛЕМА ДИВИДЕНДА – „Гранит“ ќе дели по 42 денари за акција, еве кои се причините

27/05/2024

AA

„Гранит“ сепак ќе дели дивиденда од 42 денари
по акција, онака како што предлагаше Управниот одбор на компанијата, а не по 70
денари, како што бараа група помали акционери, кои заеднички поседуват над 5
отсто од акциите.

Оваа одлука била донесена на годишното Собрание на акционери, кое се одржа
во петокот минатата недела, а за што компанијата ја извести инвеститорската
јавност преку Берзата.

Ова практично значи дека предлог одлуката која ја даде Управниот одбор, а
зад која генерално стои семејството Милковски, кои се најголеми акционери во
компанијата, практично ја поддржале мнозинството сопственици на акции, кои
заеднички располагаат со над 50 проценти од капиталот. Додека, пак, не беше
успешен обидот на групата помали акционери, да се дели поголема дивиденда,
односно по 70 денари.

А, генерално, разноликоста на мислењата се состоеше во тоа дека Управниот
одбор сметаше дека и покрај солидните резултати, не е потребно голем дел од
средствата да одат за дивиденди, туку треба да се мисли за стабилноста и
иднината на компанијата, додека, пак, помалите акционери беа на став дека има
дволно средства да се засили сумата што ќе се подели во форма на дивиденди за
акционерите, сразмерно на нивниот сопственички капитал.

Така што, одлуката гласи дека ќе се дели дивиденда од 42 денари за акција,
за што компанијата ќе намени вкупна сума од 1,89 милиони евра.

Или практично, Собранието на акционери ја
изгласа одлуката на Управниот одбор на компанијата, а таа е нето добивката остварена
во минатата година од 2,48 милиони евра, да биде насочена за реинвестирање.

Додека, пак, како дивиденда ќе се наменат
средства од акумулирани нераспределени добивки, остварени до крајот на 2008
година, на сума од 1,89 милиони евра.

Последен на тргување со право на дивиденда е
5 јуни оваа година.

Како што веќе пишуваше Фактор, група акционери на
градежната компанија „Гранит“, кои заеднички поседуваат над 5 отсто од акциите бараа
поголема дивиденда од таа што ја предложи Управниот одбор, или, дивидендата да биде 70 денари бруто по акција, наспроти 42 денари
колку што претходно предложи Управниот одбор на компанијата.

Станува збор за акционерите Владе Велиновски, Данчо Масев, Ленче Масева
и Нова стоковна куќа Струмица, кои заедно поседуваат повеќе под 5 отсто од
вкупниот број акции со право на глас во сопственичката структура на „Гранит“.

Како образложение го дадоа фактот што, според извештаите за 2023
година, „забележливо било дека компанијата располага со висок износ на
вложувања расположливи за продажба во котирани друштва во износ од 1.620.140.000
денари (26 милиони евра- н.з.), и од тие вложувања ќе обезбеди реални приливи
по основ на дивиденди од преку 103.000.000 милииони денари (1,67 милиони евра
–н.з.) во текот на оваа година. Дополнително, има вложувања според објективна
вредност, кои се евиденирни како вложувања во Отворени инвестициски фондови, од
кои најголем дел се инвестирани во парични фондови, со низок ризик и висока
ликвидност во вкупен износ од 102.563.000 денари (1,67 милиони евра – н.з.).
Исто така, како што велат, компанијата има и висок износ на акумулирана
добивка, во вкупен износ од 2.314.733.000 денари (37,64 милиони евра –н.з.)“.

Беа наведени и серија други аргументи за повисока дивиденда.

Но, на ова стигна опширен одговор од „Гранит“, со кој тие
остануваат на својата претходна одлука, давајќи осврт на финансиската состојба
и работењето, како и серија аргументи зошто не треба да се исплати повисока
дивиденда.

„Друштвото располага со вложувања расположливи за продажба во
котирани друштва во износ од 1.620.140.000 денари, и од истите ќе наплати
дивиденда во износ од 103.000.000 денари. При донесување на Предлог Одлуката за
исплата на дивиденда од страна на Управниот Одбор на Друштвото во вкупен износ
од 116.348.568 денари, приливот на дивиденда од вложувањата во котирани друштва
е земен предвид и вклучен во предложениот износ. Потоа, друштвото располага со
удели во Отворен инвестициски фонд – КБ Паричен Фонд во износ од 95.572.000
денари, кои се само 1,1 отсто од вкупните средства, што не е висок износ, туку
тие се парични средства кои ги подмируваат тековните обврски (неисплатени плати
за декември 2023 во износ од 59.324.000 денари, неплатен ДДВ за декември 2023 од
10.030.000 денари, исплата на рати по земени кредити од банки за јануари 2024
од 10.000.000 денари и плаќање на тековни набавки за проектите). Овие средства
се веќе потрошени за исплата на обврските од тековното работење“, возвраќаат од
УО на „Гранит“.

Натаму, како што објаснија, друштвото располага со
акумулирана добивка во износ од 2.314.733.000 денари, но акумулираните добивки не се расположливи во високо ликвидни средства, туку во
вложувања кои треба да дадат стабилен принос во наредните години, потенцираат
од УО.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на тротинети низ цела Македонија

29/09/2026

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава. Контролата ја

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy