Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ ДОЈДОА СВЕДОЦИТЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА КОЧАНИ Одбраната не дозволи да се повлечат истрауматизираните сведоци, Обвинителството предложи психијатриско вештачење
Македонија

НЕ ДОЈДОА СВЕДОЦИТЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА КОЧАНИ Одбраната не дозволи да се повлечат истрауматизираните сведоци, Обвинителството предложи психијатриско вештачење

16/04/2026

AA

Ниту еден од шестемина предложени сведоци на Јавното обвинителство денеска не се појави на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 220 беа повредени.

Двајца од сведоците не дојдоа со образложение дека не можат пак да ја преживуваат кобната вечер со сведочење во суд, двајца Обвинителството не успеало да ги исконтактира, еден студира во странство, а еден е недостапен за органите на прогонот.

Обвинителството сака да ги повлече сведоците што се повредени и истрауматизиани, за што прочита и лекарски извештаи, ама адвокатите на одбраната не дозволија да бидат повлечени.  Веќе неколку рочишта одбраната го користи правото да не се согласи со повлекување на повредените сведоци и инсистира да дојдат пред Судот.

Адвокатите посочија дека само поради шизофренија и деменција е дозволено да не се дојде да се сведочи, а акутен стрес и физички повреди не се причина за непојавување пред судот.

– Дали имале душевно заболување и тогаш кога го давале исказот во истрагата во Обвинителството? Како тогаш немале душевно растројство? Дали тоа некој давал лажен исказ во истрагата? И обвинетите се под стрес и во душевно растројство. Сега треба ли да ги пратиме на вештачење, за да не доаѓаат на судење – беа дел од реакциите на адвокатите, кои одбија да дадат согласност за повлекување на 5 од 10-тина предложени сведоци.

Обвинителите поради ова мора да ги пратат на психијатар овие сведоци, кој треба да ја процени нивната психичка состојба и способност за сведочење во овој момент.

Родителите на загинатите деца, кои го следат процесот, не го криеја револтот во судницата. Според нив, ваквиот однос на адвокатите е нечовечен и претставува намерно опструирање и развлекување на правдата.

Судот го прифати предлогот на Обвинителството на двете девојки, Ана Томева и Лина Крстова, кои треба да сведочат, да им се направи психијатриско вештачење и да се процени дали може повторно да сведочат или пред судот да се прочитаат исказите што ги дале претходно за време на истрагата.

– Обвинителството ангажираше вешто лице од областа на психијатријата, да се произнесе дали состојбата во којашто се наоѓаат сведоците е душевно заболување, за да пристапиме кон примена на исклучокот предвиден во Законот за кривичната постапка за непосредно изведување на докази – рекоа обвинителите.

Одбраната оцени дека доколку вештачењето утврди душевно заболување, нивните претходни искази би биле неверодостојни, а Судот одлучи да се изготват вештачења за Томева и за Крстова.

Обвинителството не успеало да стапи во контакт со двајца од сведоците, па Судот прифати да им бидат испратени покани.

– Во однос на сведокот Александра Пепеларовска и сведокот Теа Ѓорѓиевска, од страна на Обвинителството се направени обиди за контакт, меѓутоа истите се безуспешни. Во недостаток на телефонска комуникација предлагаме од страна на судот да бидат испратени покани за овие сведоци за расправа, адресите се во листата на докази – посочија од Обвинителството.

Судот прифати да им испрати покани.

За сведокот Дарио Трифунов, Обвинителството достави известување дека се наоѓа во странство.

– Во однос на овој сведок, имаме известување од МВР, СВР Штип од 15.4.2026 година, со кое сме известени дека при извршени проверки е констатирано дека лицето се наоѓа во Република Бугарија на студирање на непозната адреса. Ова известување го приложуваме пред Судот, бидејќи во него не е наведено дали е достапен на органите на прогон. Предлагаме од страна на Судот да биде испратена наредба за проверка на достапност на овој сведок, а повторно со цел да се пристапи кон примената на законот – нагласија од Обвинителството.

На рочиштето беше прочитан читањето на исказот на Денис Даутовски, кој не е достапен на органите на прогон. Овој сведок е поранешен член на екипата на бендот ДНК.

„За поставување на опремата беше задолжен Филип Стевановски, кој сега е починат. Осветлението беше препуштено на сопствениците, а во поглед на прскалките, знам дека Панчо во првиот наврат кога почна да ги користи, првично набави кутија со 8 правоаголници со 9-волтна батерија, каде што треба да се постават патрони, кои потоа со далечинско треба да бидат активирани. Не ми е познато од каде ја набавил оваа кутија, но знам дека ја носеше во своето возило. Претпоставувам дека прскалките ги набавил од истото место што мене ми го посочи… Откако беа набавени, јас лично видов дека ги поставуваше Мартин Буцо, а претходно ги поставував и јас… Прскалките ги активиравме истовремено, бидејќи далечинското имаше само едно копче. Мислам дека при договарање на настапите, внесувањето на прскалките беше најавувано кај сопствениците на локалот, но дали било пријавувано до надлежниот орган, не знам“, се наведува во исказот на Даутовски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
Македонија

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА

08/10/2026
Македонија

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА ВО СОФИЈА, НО БЕЗ ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ Муцунски

08/10/2026
Македонија

ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ Нема докази

08/10/2026
Македонија

12 КИЛОМЕТРИ ОД АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ВГОДИНА Наместо

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА СМЕТА ДЕКА КРИВИЧЕН НЕ ГИ ЦЕНЕЛ ДОВОЛНО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИСКИОТ СУД НА 10 ДЕКЕМВРИ ПОВТОРНО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА ПРЕДМЕТОТ

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46063
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години СДСМ ја ограбуваше Македонија, а

08/10/2026

Опозицијата не е алтернатива за Македонија, туку политичка структура која седум години ја ограбувала државата, ја понижувала и ја распродавала

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски најави разговори и со Бугарија

08/10/2026

Македонија постигнала билатерални договори и решенија со Хрватска, со Швајцарија и со Романија за олеснување на движењето на професионалните возачи,

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА Патувањето ќе трае 50 минути

08/10/2026

Железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина би можело да профункционира до крајот на 2027 година, а патувањето со воз меѓу

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy