Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Насилни прослави во Париз по победата на ПСЖ: 294 уапсени, оштетени еврејски институции
Македонија

Насилни прослави во Париз по победата на ПСЖ: 294 уапсени, оштетени еврејски институции

01/06/2025

AA

Прославата на историската победа на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) над Интер во финалето на Лигата на шампионите во Минхен беше засенета од низа инциденти и насилства во Париз. Полицијата уапси 294 лица на неколку локации низ градот, вклучувајќи ги Шанзелизе, париската обиколница и квартот Порт де Сен-Клу, објави BFM.

Според париската полиција, многу од уапсените поседувале пиротехнички средства и запаливи материјали. На одредени места дошло до судири со полицијата, која употреби водени топови и солзавец. На плоштадот Етоал демонстранти ја пробиле полициската бариера, на Шанзелизе бил запален автомобил, а ограбена е и продавница за чевли.

Министерот за внатрешни работи Бруно Ретахо го осуди насилството:
– Вистинските навивачи слават, додека варварите го уништуваат градот и ја провоцираат полицијата – напиша тој на X.

И покрај инцидентите, дел од прославите низ градот имале празнична атмосфера. Ајфеловата кула беше осветлена во боите на клубот, а илјадници навивачи учествуваа во чествувањата. Вкупно 5.400 припадници на полицијата и жандармеријата беа мобилизирани за одржување на редот, потврди шефот на полицијата Лоран Нуњез. Фудбалерот Усман Дембеле упати апел:
– Славиме, но без насилство.

Дополнителна загриженост предизвика вандализам врз еврејски институции во Париз. Израелскиот претседател Исак Херцог изрази згрозеност од нападот врз синагогата во населбата Маре, изградена од неговиот прадедо, рабинот Џоел Херцог.
– Ги повикувам француските власти да дејствуваат брзо и решително за да ги изведат сторителите пред лицето на правдата, рече Херцог, пренесувајќи солидарност до Советот на еврејски институции во Франција (CRIF).

Француската полиција потврди дека пет еврејски институции биле испрскани со зелена боја. За случајот е покрената истрага.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy