Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тимот на прво место: УАКС покажа како изгледа вистинска мотивирачка корпоративна култура
Македонија

Тимот на прво место: УАКС покажа како изгледа вистинска мотивирачка корпоративна култура

01/06/2025

AA

Корпоративната култура кај нас сè почесто се сведува на формалност, но, Универзитетот Американ Колеџ Скопје викендов испрати поинаква порака – дека вистинската сила на една институција се луѓето. Луѓето и семејството на прво место – и тоа не само како слоганСаботата во Градскиот парк во Скопје не беше обична работна сабота за вработените на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС). Под мотото „Family First“, УАКС организираше настан кој, наместо вообичаените формалности кои можеме да ги видиме на корпоративни настани, изобилуваше со топлина, блискост и искрена благодарност – вредности кои одамна не се само дел од визијата на овој универзитет, туку се и секојдневие.

Во време кога зборовите како „тим“, „заедништво“ и „корпоративна култура“ се користат премногу често, а ретко се живеат, УАКС викендов покажа што навистина значи кога институцијата ги става луѓето во центарот на своето работење.

20 години УАКС, но пред сè, 20 години луѓе Настанот, кој се одржа во рамките на прославата на 20-годишнината од основањето на УАКС, испрати јасна порака: дека токму луѓето се основата на секоја силна институција. Преку богата програма за вработените и нивните семејства, УАКС покажа што значи вистинска корпоративна култура на грижа и благодарност кон луѓето кои ја прават успешна – нејзините вработени, кои не само што пренесуваат знаење, туку и создаваат средина каде што се цени секојдневната посветеност, меѓучовечките односи и тимската енергија. Да се види сето ова на дело е навистина реткост во земјата.

Настанот започна со обраќања од ректорот проф. д-р Марјан Бојаџиев и проректорката за настава проф. д-р Венера Крлиу, кои симболично го отворија денот посветен на вработените и нивните семејства. Продолжи со емотивен настап на AHSS бендот – ученици од Американската гимназија Скопје, што уште еднаш го потенцираше континуитетот меѓу институциите и генерациите во семејството на УАКС.

Култура на благодарност на дело, не само на зборовиКога институцијата ќе ја препознае вредноста на својот тим и тоа го покаже на дело – преку искрена благодарност, почит и поддршка – тогаш создава модел што другите ќе го следат.

Така, проф. д-р Венера Крлиу на настанот се осврна на суштинската вредност на тимската работа и личната посветеност на секој поединец во институцијата. Таа потенцираше дека УАКС не е само место за работа – туку семејство што секојдневно расте заедно. Таа често повторува дека УАКС е „жив систем“, составен од луѓе кои вложуваат срце и душа во она што го градат заедно.Токму затоа посебно значаен дел од програмата беше доделувањето на персонализирани подароци за вработените со најдолг стаж, како симболична и искрена благодарност за нивниот придонес во изминатите две децении. Гест на признание, но и на внимание, какво ретко се гледа во корпоративната реалност кај нас. „На нашите професори, асистенти, административци, технички персонал – ви благодарам што вложувате и срце и душа во ова што го градиме заедно“ додаде проф. д-р Крлиу.

УАКС не е само институција – туку заедницаНа настанот беше видливо и јасно дека успехот на УАКС не би бил можен без колективната енергија на тимот. Заедништвото како што беше посочено, не е само дел од корпоративната култура – туку нејзин столб. Токму оваа меѓусебна доверба и вреднување на трудот го прави УАКС повеќе од академска институција и го прави заедница.

Ректорот проф. д-р Марјан Бојаџиев во своето обраќање им се заблагодари на членовите на УАКС тимот и истакна дека е горд што клучот на успехот на УАКС се луѓето кои 20 години заеднички придонесуваат за развојот на институцијата. „УАКС не е само место каде што растат идеи, туку и место каде што растат луѓе”, поентираше проф. Крлиу, затворајќи го настанот со порака на благодарност, надеж и визија за уште многу години заедничко градење.

УАКС како стандард што инспирираВо еден општествен и економски контекст каде што честопати трудот не е доволно вреднуван, УАКС се издвојува како пример дека може и поинаку – дека институцијата може да биде и пријатно место, каде што луѓето се слушаат, се почитуваат и се слават. Така, во време кога добрата корпоративна култура сѐ уште е исклучок, а не правило, УАКС го постави стандардот за нијанса повисоко и покажа дека кога „семејството е на прво место“, успехот доаѓа природно.

Овој настан беше уште еден потсетник дека вистинскиот успех не се мери само со бројки, туку со луѓето зад нив. А УАКС тоа го покажува веќе 20 години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пороен дожд поплави повеќе улици во Битола, службите интервенираат на

16/07/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Една изборна единица ќе обезбеди еднаква тежина на гласот

16/07/2026
Македонија

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Битола

16/07/2026
Македонија

УНЕСКО повторно предупредува: Охридскиот регион се соочува со ризик да

16/07/2026
Македонија

Невреме ја зафати Македонија: Пороен дожд, грмежи и силен ветер

16/07/2026
Македонија

ИЈЗ предупредува: Хотели, куќи и септички јами сè уште го

16/07/2026
Македонија

Четири компании конкурирале за електричните автобуси, резултатите од тендерот во

16/07/2026
Македонија

Нестабилно време во повеќе региони: Пороен дожд и грмежи северозападно

16/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44437
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пороен дожд поплави повеќе улици во Битола, службите интервенираат на терен

16/07/2026

Пороен дожд што вечерва го зафати подрачјето на Битола во периодот од 20:40 до 21:40 часот предизвика поплавување на куќи,

Сиљановска-Давкова: Една изборна единица ќе обезбеди еднаква тежина на гласот

16/07/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека воведувањето една изборна единица во земјава би било добро решение, бидејќи, како што вели, секој

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Битола

16/07/2026

Обилниот дожд проследен со силен интензитет предизвика сериозни проблеми во Битола, каде вечерва повеќе улици и крстосници се најдоа под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy