Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАПРОЛЕТ ЌЕ ИМА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА Мицкоски најави кадровски освежувања во институциите
Македонија

НАПРОЛЕТ ЌЕ ИМА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА Мицкоски најави кадровски освежувања во институциите

01/12/2025

AA

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени” на МРТ потврди дека Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе бидат нови министри и најави дека набрзо, односно напролет ќе има промени како во Владата, така и во државните институции.

– Мојот предлог денеска е доставен до Собранието, а тоа се Мухамед Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали кој ќе биде министер за европски прашања и потпретседател на Владата – изјави премиерот Мицкоски.

Во однос на Министерството за здравство, премиерот Мицкоски посочи дека во моментов нема да има промени иако секогаш има простор за напредок и секој треба да добие шанса, но тој цени дека до овој момент Азир Алиу пристојно си ја врши својата работа.

Премиерот Мицкоски додаде дека после партискиот конгрес и сите преструктурирања ќе има промени и во Владата и државните институции за формирање на тим кој ќе го носи товарот до следните избори.

– После конгресот, после сите преструктурирања во рамките на партијата напролет очекувам некаде да имаме и освежување во рамките на Владата, прегрупирања, догрупирања, доекипирања, проширувања и во рамките на државните институции, така што ова е тој грантограм кој во следниот период како претседател на Влада и доколку ја добијам довербата на делегатите, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ не очекува. Формирање на овој тим кој потоа треба да го понесе и изнесе товарот до следните парламентарни избори – потенцираше премиерот Мицкоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy