Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МВР набави возила со вграден радар: Нови „Форд“ возила ќе мерат брзина и во движење
Македонија

МВР набави возила со вграден радар: Нови „Форд“ возила ќе мерат брзина и во движење

01/12/2025

AA

Министерството за внатрешни работи ги прими новите специјализирани возила за мобилно мерење на брзината – современи „Форд“ модели опремени со интегрирани радарски системи, камери со висока резолуција и софтвер за моментално лоцирање и документирање на прекршоци.

Возилата ќе патролираат низ целата држава и ќе детектираат пречекорување на дозволената брзина во градски средини, на регионални патишта и на автопат. Од МВР засега не откриваат кога системот ќе биде ставен во редовна употреба, но неофицијално се очекува да стане дел од нови мерки за зголемена сообраќајна безбедност.

Не е познато дали прекршителите ќе бидат запирани на лице место или казните ќе им се доставуваат по пошта, како со постојниот „Safe City“ систем. Мобилните радари од овој тип веќе се користат во повеќе европски земји и се покажуваат како ефикасни во намалување на сообраќајните прекршоци.

Во Германија функционираат радарски комбиња што мерат брзина без присуство на службеник, додека Франција користи патролни „Рено“ и „Пежо“ возила со невидливи радари кои детектираат и во движење. Сличен модел применуваат и Словенија и Хрватска.

По низа трагични сообраќајни несреќи поврзани со екстремно брзо возење, очекувањата се дека новите мобилни радари ќе ја зајакнат контролата и дисциплината кај возачите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy