Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Наместо да нѐ поддржуваат, соседите ни ставаат вето за ЕУ“, рече Сиљановска Давкова
Македонија

„Наместо да нѐ поддржуваат, соседите ни ставаат вето за ЕУ“, рече Сиљановска Давкова

24/09/2025

AA

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати на Годишниот самит на Конкордија во Њујорк, каде го нагласи значењето на проширувањето на Европската унија како услов за зачувување на мирот и стабилноста на континентот.

„Она што Обединетите нации се за светот, тоа Европската унија е за Европа – мултилатерален проект со врвна цел: мир. Тој се постигнува преку проширување, врз основа на Копенхагенските критериуми – демократија, владеење на правото, човекови права и пазарна економија“, изјави Силјановска Давкова.

Таа предупреди дека ЕУ не може да биде глобален бранител на мултилатерализмот ако не го почитува на сопствениот континент. „Проширувањето не е техничко прашање, туку тест дали ЕУ ќе избере пат на согласност или на поделби – дали ќе биде Унија на правила и стандарди, или Унија на двојни стандарди и контрадикции,“ рече претседателката.

Во своето излагање таа ја потенцираше и потребата од поголема регионална солидарност меѓу земјите од Западен Балкан.

„Ако сакаме да бидеме дел од ЕУ, мора да се поддржуваме меѓусебно. Како можеме да очекуваме разбирање од Унијата, ако не се разбираме меѓу себе? Шведска, Данска и Норвешка го направија тоа за балтичките земји – нивната поддршка беше апсолутна и резултатите се видливи. За жал, кај нас често гледаме блокади и вета. А за членство е потребен консензус – доволно е една земја да се противи и процесот застанува“, нагласи Силјановска Давкова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy