Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Герила акција во Струга: Активисти со светлечки пораки апелираа за чист воздух и вода
Македонија

Герила акција во Струга: Активисти со светлечки пораки апелираа за чист воздух и вода

24/09/2025

AA

Граѓански активисти од Струга доцна синоќа презедоа герила акција, проектирајќи силни пораки на фасадата на општинската зграда. Со светлечки натписи како „Нема воздух, нема вода, нема живот“, „Воздух или смрт“, „Сите се труеме“, „Струга се суши“ и „Чист воздух е право, а не привилегија“, тие го искажаа револтот против еколошкото загадување кое со години го измачува градот, пишува СДК.МК.

Активистите предупредуваат дека живеењето во Струга е опасно, најмногу поради дивата депонија која се наоѓа на само 500 метри од првите куќи. Локацијата е особено критична бидејќи е во близина на реката Црн Дрим и на само 2 километри од Охридското Езеро, што претставува директна закана за целиот екосистем.

Откако домашните судови ја отфрлија тужбата поднесена од Здружението на млади правници, правдата сега се бара вон границите на државата. Судот за човекови права во Стразбур ќе одлучува за овој, како што го нарекуваат активистите, најголем еколошки и здравствен проблем во Струга. Со оваа акција, тие се надеваат дека ќе се подигне свеста и ќе се изврши притисок врз надлежните да преземат конкретни мерки за решавање на проблемот со депонијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy