Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На Васко Ковачевски ќе му се суди во отсуство
Македонија

На Васко Ковачевски ќе му се суди во отсуство

29/05/2025

AA

По предлог на Јавниот обвинител, судот донесе решение на обвинетиот Васко Ковачевски да му се суди во отсуство, бидејќи е недостапен за органите на прогонот.

„Постојат важни причини да му се суди“, рече судијката.

Случајот „Адитив“ е еден од најголемите случаи поврзани со злоупотреби во јавните набавки во енергетскиот сектор во Северна Македонија. Според обвинителниот акт, истрагата се однесува на периодот од април до август 2023 година, кога група од високи службени лица и приватни бизнисмени наводно формирале организирана група со цел извршување на серија кривични дела. Обвинителството ги товари за злоупотреба на постапката за јавен повик и доделување договори за јавна набавка, злоупотреба на службена положба и перење пари.

Фокусот на истрагата е тендерот за набавка на адитиви за јаглен (адитив RPT 601) за потребите на државната компанија АД ЕСМ, поточно нејзините подружници РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинетите, меѓу кои и управители и сопственици на неколку правни лица, преку фиктивни пререгистрации на дејности и однапред договорени понуди, ја манипулирале тендерската постапка. На тој начин, според обвинителството, овозможиле еден правен субјект да добие договор вреден речиси 398 милиони денари и да се стекне со противправна имотна корист.

Дополнително, дел од обвинетите, со цел да го прикријат потеклото на средствата, спровеле низа трансакции со кои пуштиле во оптек и подигнале готовина во вредност од над 414 милиони денари. Токму поради овие активности, тие се товарат и за перење пари и други приноси од казниво дело.

Во овој обемен предмет обвинети се 31 физичко и 5 правни лица. Судењето се одвива во дигитална судница во КПУ Идризово, што претставува новина во судската пракса за вакви обемни предмети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман на терен

21/08/2026

Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а надлежните екипи се со максимален ангажман

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026

Жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Од

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy