Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На што реши Германија да заштеди, а на што планира да потроши повеќе пари?
Македонија

На што реши Германија да заштеди, а на што планира да потроши повеќе пари?

04/02/2024

AA

Бундестагот во петокот го усвои буџетот за оваа година по долготрајна борба на партиите од владејачката коалиција. Буџетот предвидува расходи од 476,8 милијарди евра и нови задолжувања, засега околу 39 милијарди евра, јави ДПА.

Доколку вака остане, повторно ќе се примени кочницата за задолжување, за прв пат од избувнувањето на пандемијата. Кочницата е уставен инструмент кој спречува прекумерно задолжување, но може да биде суспендиран во случај на вонредни околности како што се глобална зараза и енергетска криза предизвикана од рускиот напад врз Украина.

Буџетот за 2024 година беше голем предизвик за владејачката коалиција.

Уставниот суд есента ја прогласи за неуставна одлуката на Владата за префрлање на десетици милијарди евра од Фондот за помош на стопанството и граѓаните за време на пандемијата на Фондот за трансформација на економијата. Пресудата направи голема дупка во јавните финансии.

Владејачките Социјалдемократи (СПД), Зелените и Либералите (ФДП) се согласија за програма за штедење која вклучува, на пример, повисок данок на комерцијалните авионски билети и постепено укинување на субвенциите за дизелот за земјоделците.

Субвенциите за електрични автомобили завршија минатата година. Владата договори и построги правила за социјалните бенефиции, пишува магазинот Феникс.

Сепак, опозицијата обвинува дека власта не штеди доволно.

Христијанско-демократската унија (ЦДУ/ЦСУ) особено ја критикуваше владата дека зборува за штедење, но наводно продолжува да живее над нејзините можности. Владата сака да потроши значително повеќе пари отколку пред пандемијата, истакнуваат демохристијаните.

Министерот за финансии Кристијан Линднер го бранеше буџетот. Тој се пофали, како што рече, со рекордни инвестиции од 70,5 милијарди евра – на пример, во железница, патишта и друга инфраструктура. Во исто време се намалуваат даноците за населението, рече Линднер.

Буџетот за одбрана е околу 52 милијарди евра, не сметајќи ги милијардите од специјалниот фонд за Бундесверот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Клековски на средба со ЗЛОМ и ЗПЛРМ: Заедно за побрзи

24/07/2026
Македонија

Муцунски со остра осуда за рускиот напад врз латвиската дипломатска

24/07/2026
Македонија

АХВ им врати на сточарите: Се преземаат сите мерки против

24/07/2026
Македонија

Аларм од сточарите: Се бара итна вакцинација на овците

24/07/2026
Македонија

УЈП со засилени контроли: Се чешлаат приходите од издавање апартмани

24/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Толеранција нема да има за никого, брзо ќе го

24/07/2026
Македонија

Пелистер побеле во јули: Драстичен пад на температурите донесе снег

24/07/2026
Македонија

Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод годишнината од земјотресот

24/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44638
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy