Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА ПРЕСТИЖНИОТ „БАРБЕРИ“ МУ СЕ ЗАКАНУВА БРИШЕЊЕ ОД БЕРЗАТА ВО ЛОНДОН: Конечната одлука за компанијата ќе биде донесена во септември
Економија

НА ПРЕСТИЖНИОТ „БАРБЕРИ“ МУ СЕ ЗАКАНУВА БРИШЕЊЕ ОД БЕРЗАТА ВО ЛОНДОН: Конечната одлука за компанијата ќе биде донесена во септември

27/08/2024

AA

По 15 години на британската модна компанија „Барбери“ и се
заканува испаѓање од елитниот берзански индекс FTSE 100, кој ги следи
најдобрите компании на лондонската берза.

Во последните три месеци акциите на „Барбери“ изгубија
третина од вредноста на берзата поради забавувањето на побарувачката во целата
луксузна модна индустрија и неуспешната реконструкција на брендот, така што
компанијата во моментов е на 140-та позиција на индексот FTSE со проценета
пазарна вредност од 2,95 милијарди евра.

Конечните промени на индексот FTSE 100 ќе бидат објавени на
4 септември по затворањето на европските пазари. Приходите на компанијата „Барбери“ за кварталот што заврши на 29
јуни се намалени за 22 отсто на годишно ниво на 458 милиони фунти или приближно
544,7 милиони евра, објави Си-Ен-Ен.

Компанијата објави дека ја суспендирала исплатата на
дивиденда и предупреди дека би можела да забележи оперативна загуба во првата
половина од фискалната година, додека оперативната добивка за целата фискална
2025 година најверојатно ќе биде под очекуваното.

„Барбери“ се обиде да се наметне на пазарот на врвни
луксузни брендови, но тој план пропадна и се очекува компанијата сега да
таргетира помалку богати потрошувачи, пренесува порталот Business of Fashion.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy